Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 45 | година VIII | ноември-декември, 2005



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 45ноември-декември, 2005
Театар Теорија

Интрaкултурална театарска дисперзија

или, За поновите македонски театарски работи


/11
стр. 1
Ана Стојаноска

ИНТЕРКУЛТУРАЛЕН ТЕАТАР
    – Меѓународна научна конференција –
    СКОМРАХИ – 2005
    30 март 2005, ФДУ – Скопје

    Насловот на оваа моја студија, можеби, поедноставно ќе беше да гласеше За Идеалниот театар на XXI век. Со именувањето на театарот како идеален, меѓутоа, ќе требаше да размислувам од позиција на надреденост што и не ми е целта, па затоа ќе останам во рамки на овој наслов, а идејата за идеалниот театар ќе ја споменам малку подоцна, како логично решение на равенката Интракултурален театар или модел на театар за новиот милениум. Меѓутоа, мислам дека за почеток е потребно да објаснам зошто токму Интракултурална театарска дисперзија, поточно зошто дисперзија – термин преземен од лексиката на физиката, на кој му припишувам теориски референтна семантика. Тргнувајќи од идејата за интракултуралноста како идеја за препознавање на истостите меѓу повеќе култури, и потребата да не се дозволи „глобализација“ на идејата, предлагам нејзино дисперзирање/распрскување на сите страни, посебно од страна на театарот чија интракултуралност е моќна, видлива и препознатлива. За да не се спојуваат во една тромава, досадна смеса на повеќекултури, целта на овој текст е да насочи кон тоа истостите да се дисперзираат и да се истражуваат понатаму во општа глобална констелација и контекстуализација.

1. Стартен импулс или Разнокултуралноста и театарот


    Како и во добрите стари приказни, и во нашата театрологија, секоја идеја има свој магичен, мистичен, формулаичен почеток. Ако во приказните матрицата почнува како „Си беше еднаш…“, тогаш во театрологијата, почетоците на приказната за интеркултуралниот театар ги откриваме во „егзотичните“ проучувања на театарската антропологија. Тоа е онаа научна дисциплина од редот на многуте театролошки дисциплини, која, како што би напоменал и Еуџенио Барба/Eugenio Barba („нејзиниот татко“, може да се рече), дава низа од мали, корисни совети за тоа како „се прави театар“.
    Интеркултуралниот театар е еден од предметите на проучување, или поточно една од еманациите на театарската антропологија.
    Предизвикана од насловот на оваа Научна конференција, за предмет на моето проучување, (во координација со театарската антропологија) избрав еден нов – за проучувачите – феномен, наречен – ИНТРАКУЛТУРАЛЕН ТЕАТАР!
    
Што е тоа интракултуралност, кои се нејзините основни координати, како се дефинира, детерминира и експлицира? – сé се тоа прашањата од кои започна мојата игра со интракултуралноста. Причината ја пронаоѓам во потребата да се детектираат, детерминираат и експлицираат повеќето од „лицата“ на театарската антропологија. Театарската антропологија се наоѓа на едно специфично изделено „помеѓу“ место,






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+