Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Проза

Тетоважа

/2
стр. 1
Бекеш Теил

Старата госпоѓа Ваднај беше на умирање. „Има уште две или три недели живот“ рече лекарот, „има артериосклероза во крајно напредната фаза“.
    Згрбавениот адвокат, којшто го состави договорот за издржување, влезе во собата. Беше облечен во темен костум и носеше актовка во раката. Му прошепоти нешто на преведувачот околу административните работи по смртта и праша за својот хонорар.
    Старата госпоѓа Ваднај ретко зборуваше. Кога зборуваше, тоа главно беше неповрзано. Датумите се беа измешале во нејзиниот склеротичен ум. Војните, насилствата и против-насилствата, концентрационите логори и логорите на смртта беа испреметкани во неорганизирана смеса. Еднаш, таа раскажа релативно логична приказна за некој привлечен млад човек, којшто држел говор застанат на еден балкон во срцето на градот. Мноштво луѓе се собрале да го слушаат, многу војници, цивили, и таа, госпоѓата Ваднај и нејзината најдобра пријателка. Колку убава госпоѓица била таа во тие денови. Тогаш некој истрелал од пиштол, и тоа ужасно ги преплашило госпоѓата Ваднај и нејзината пријателка: се стрчале надолу по улицата Ракошчи, скршнале во една уличка кон станицата Келети и се залетале во улицата Гарај и – оп! – одеднаш се нашле пред еден чадор. Тогаш таа почнала да се вртка околу чадорот. Тој бил добар како нов, црн, и многу елегантен.
    Преведувачот внимателно слушаше и заклучи дека привлечниот млад човек сигурно бил грофот Михали Каролји и дека го објавил детронизирањето на Хабсбуршката монархија, прогласувајќи ја Унгарија за република од балконот на хотелот Асторија.
    Во нејзината последна недела, старата жена не смееше да биде оставена сама на себе. Преведувачот, којшто според договорот за издржување требаше да го добие станот, ја презеде грижата за старицата и се всели кај неа. Така можеше да им подвладува на каприците на нејзината несредена мисла. Се проколнуваше себеси што ја имаше преведено нејзината аверзија кон болниците и што се имаше договорено да престојува во нејзиниот дом. Не беше во можност да најми негувателка, па самиот беше задолжен да ги извршува и најгрозните работи. Мораше да го потиснува нагонот за повраќање секогаш кога ја преслекуваше и ја капеше старата жена, а и кога ѝ ја менуваше постелнината. Сожалувањето и бесот се мешаа во него при самото гледање на беспомошното тело.
    Лекарот доаѓаше да ја види старата госпоѓа Ваднај секој втор ден. Според неговите наредби, негувателката доаѓаше секое утро за да ѝ даде инјекција. Таа беше долгонога млада жена во кусо здолниште. Весело дрдореше додека ја подготвуваше инјекцијата, исфрлувајќи неколку капки од течноста во воздух; бесмислено брбореше за времето и за цените додека старата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+