Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Поезија

Избрани песни од „Музика и скорбут“

Превод од каталoнски на англиски: Ана Кроу;
Избор и превод од англиски: Магдалена Хорват


/7
стр. 1
Ана Агилар-Амат

Музика
Бои
Орфеј
Релативитет
Боже?
Елка
Аеродинамика

_______________________________________________________________________

Музика

Мора да разбереш дека ако зборовите се толку малку
тоа е бидејќи во исто време се и премногу.
Кога велам за мене твоите торзо и гради со густите влакна
се харфа (виткани жици што ги имам скинато од сето
тоа галење), дека заоблениот дел од твојата нога е како
саксофон и сакам да продолжам, доаѓам до гротескната идеја
за тапаните и твојата флејта.
Колку е сиромашен јазикот!
Бидејќи, всушност, останува неизустена мелодијата
што ја создаваат нашите тела, едно покрај друго:
Шуберт, плешките, грбот; Хајдн ако ми ги допреш
табаните; Бах ако длабоко, небо и бунар, се гледаме в очи.
Но токму таа, таа ужасна сиромаштија на зборовите
е тоа што скржаво си го чуваме. Оти тогаш почнуваме
инвентивно со нив да си играме: за Шуберт, шербет;
за Бах “turn your back”[1], за Волфганг Амадеус,
„Води ме ама денес“, за Хајдн, “Hide.” “I'll seek”[2].
Зборовите да не беа толку бројни, или на толку многу јазици,
како ќе го оставевме неизречено сето што не може да се рече,
како ќе ја слушневме таа музика што ја создаваат прстите?


_____________________________________

1. „Сврти се.“ (Стихот е на англиски во каталoнскиот оригинал. заб на прев.)
2. „Скриј се.„ „Јас ќе те барам.“ (Англ. “hide and seek”– криенка. заб на прев.)

Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+