Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Проза

Патот за Лос Ангелес

(извадок од романот)


/2
стр. 1
Џон Фанте

1.

    Работев многу работи на пристаништето во Лос Ангелес зашто нашата фамилија беше сиромашна а татко ми беше мртов. Првата работа ми беше копање канали, набргу откако матурирав. Секоја ноќ не можев да спијам од болките во грбот. Копавме на една празна парцела, никаде немаше сенка, сонцето удираше директно од небото без облаци, а јас бев долу во дупката копајќи заедно со двајца бабачковци кои копаа од љубов, секогаш се смееја и кажуваа шеги, се смееја и пушеа лут тутун.
    Почнав бесно а тие се смееја и рекоа набрзо ќе сум научел по некое нешто. После копачот и лопатата станаа тешки. Ги цицав пукнатите плускавци и ги мразев тие двајца. Едно пладне бев уморен и седнав и си ги погледнав дланките. Си реков, што не се откажеш од работава пред да те убие?
    Станав и ја збрцав лопатата в земја.
    „Момци“, реков. „Јас завршив. Решив да ја прифатам работата во Пристанишната комисија“.
    После бев мијач на садови. Секој ден гледав низ дупката во прозорецот, и низ неа гледав купишта ѓубре, ден за ден, со мувите кои зуеја, а јас бев како домаќинка врз куп садови, рацете ми се гадеа кога ќе ги погледнев како пливаат како мртви риби во синкавата вода. Дебелиот готвач беше шеф. Трескаше со тавите и ме тераше да работам. Се израдував кога една мува слета на неговиот голем образ и не сакаше да одлета. Таа работа ја имав четири недели. Артуро, си реков, иднината на оваа работа е многу ограничена; што не дадеш отказ уште вечерва? Што не му кажеш на готвачон да се ебе?
    Не можев да дочека да дојде вечерта. Среде тоа августовско попладне, со планина неизмиени садови пред мене, ја симнав кецелата. Морав да се насмевнам.
    „Ш’о е смешно?“, праша готвачот.
    „Готов сум. Завршив. Тоа е смешно“.
    Излегов низ задната врата, ѕвоното заѕвони. Тој стоеше и си ја чешкаше главата среде ѓубрето и валканите садови. Кога ќе помислев на сите тие садови, се смеев. Тоа секогаш ми беше смешно.
    Станав товарач на камиони. Сè што правевме беше префрлување кутии со тоалетна хартија од складот до пилјарите во Сан Педро и Вилмингтон. Големи беа кутиите, метар на метар, и секоја тежеше по дваесетина кила. Ноќе лежев во креветот мислејќи на тоа и се превртував.
    Мојот шеф го возеше камионот. Рацете му беа тетовирани. Носеше тесни жолти поло маички. Мускулите му пукаа. Ги галеше како да се коса на девојка. Ми доаѓаше да кажам нешто што ќе го шекне. Кутиите беа наредени во складот, цели






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+