Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Проза

Ореови дворци

(извадок од романот)


/3
стр. 1
Миљенко Јерговиќ

    Во следните месеци ја градеше куќата од ореовина од утро до мрак, а грбот никогаш не го болеше, и зглобовите никогаш не му попуштија; во рацете и во дланките ја почувствува истата сила која ја чувстуваше еднаш одамна, во Босна, кога од земјата ќе кренеше сандак од стогодишен орев. Брзо ја заврши градбата, за седум или осум дена. Не му требаше повеќе време ни за собните прегради и за внатрешните скалила, но вистинската работа започна со собните врати, со мебелот и со куќните уреди. Прво мораше да употреби шпенадли, жилети и ножички за нокти за да ги направи алатите кои ќе ги користи. На пример, да издлаби када не поголема од палец или одвод помал од нокт. На одводот работеше два дена и тој му зададе повеќе мака отколку десетте глави на Крале Марко. Но, на крајот личеа како да се вистински. Уште потешко беше да се изведат орнаментите врз мебелот, да се стават рачки на вратите, да се изработи комплет минијатурни кујнски ножеви. Колку подолго работеше, толку повеќе забележуваше дека му недостасуваат нешта неопходни за секое домаќинство. Одеше според правилото дека ништо не би можело да биде толку дробно за да не може да се изработи. Направи кујнски чаршафи од парчиња свила и платно од поранешниот венчален фустан на Матилда. Секоја сабота го посетуваше идниот дедо, седнуваше со него пред куќата и го чекаше зајдисонцето. Гледаше како стомакот и лицето на Ката раснат и слушаше како прстите на идниот татко крцкаат додека се обидуваше да каже којзнае што. Со овие луѓе споделуваше мир кој никогаш порано го немаше искусено. Изјави дека играчката е тајна која ќе биде изненадување и дека по никоја цена нема да и открие што прави. Ката го задеваше и му додеваше да им ја открие тајната; му дрдореше и му го тегнеше палтото. Таа го допираше Август, а ако постоеше нешто кое не можеше да го поднесе, тоа беше луѓето да го допираат, да му ги тргаат невидливите влакна од рамениците, да го тупкаат по грбот или да му ја зграпчуваат раката кога сакаат да му кажат нешто важно… Но, таа не му пречеше. Тој се смееше, ѝ одмавнуваше со раката и велеше дека е старец и кој ужива што толку млада и убава жена бара нешто од него. Ката ќе вцрвеше и ќе се стрчаше во кујната; дедото ќе го подбуцнеше во ребрата, ќе ги кренеше веѓите и ќе светнеше со очите. Токму како






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+