Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Критика

Димензии на болката

Автобиографските и психолошките елементи во романот „Пијанистка“ на Елфриде Јелинек (Слово, 2005)


/3
стр. 1
Елена Конеска

Не сум сигурна во колкава мера на македонската јавност ѝ е познато името на австриската писателка, сега веќе нобеловка, Елфриде Јелинек. Самиот факт дека во 2004 година, на општо изненадување, таа ја понесе Нобеловата награда за литература, за многумина се чини доволен да се направат напори да се приближи нејзиното дело до македонската книжевна јавност.
    Многупати, читајќи ги освртите кон романот, речиси како апозиција на насловот, стои „автобиографски роман“, кое на почетокот се обидов го сфатам едноставно како маркетиншки трик со кој се освојува читателската публика и се зголемува тиражот. Но, дали токму автобиографското кај Јелинек е она што го понесе кон врвот нејзиниот роман, ги премина границите на германското јазично подрачје и на Јелинек ѝ донесе светска слава?
    Ерика Коут е триесет и осум годишна учителка по пијано која студирала на Виенскиот конзерваториум и продолжила да живее во родителската куќа заедно со својата мајка. Доколку ни е позната биографијата на Јелинек, знаеме дека таа е исто така академски музичар од Виенската школа, која по завршувањето на студиите па сè до 1968 година останува да живее во родителскиот дом и во него доживува еден вид психолошко-емотивна криза. Причините за таквата емотивна криза, особено по смртта на нејзиниот татко, непознати во нејзината биографија, се првата врска помеѓу Јелинек и Ерика Конт. Паралелата помеѓу нив можеме да ја започнеме од почетните букви на нивните имиња, музиката како професионална определба но можеби најцврстата автобиографска врска е семејството и доминантната позиција на мајката.
    И во двата случаи, станува збор за форма на семејство каде недостига таткото, па оттука врската помеѓу мајката и ќерката добива димензија која на некој начин ја надминува прифатливата граница на блискост и преминува во сферата на интимното.
    Така, честопати низ романот доаѓа до идентификување и совпаѓање на искуствата на авторовото „јас“ и фиктивната „јас-конструкција“ на главниот лик. На тој начин, Јелинек ја засилува моќта на себеспознавањето, вградувајќи ја и доживувајќи ја преку ликот на Ерика. Значи, и покрај поединечното постоење и функционирање на двете „јас“, авторовото и она на главниот лик, неретко се добива впечаток на поистоветување и нивно функционирање едно преку друго.
    Континуираната зависност која Ерика ја има од сопствената мајка, започната можеби во периодот на нејзиниот психофизички развој а продолжува во годините на зрелоста, не дозволува од неа да се развие здрава возрасна личност. Мајката е присутна во секој момент од животот на Ерика, правејќи од него сурогат под маската на сопствената улога на заштитник. Така Ерика е „сигурна“ дека ниту еден






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+