Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Критика

Вистински вљубеник во книжевноста

(On Literature, Vintage, превод на англиски: Мартин Меклафлин)


/2
стр. 1
Николас Лезард

Умберто Еко покажува жестока љубов кон пишаниот збор во својата збирка есеи „За книжевноста“

    Книгава ќе ве окупира. За почеток, насловот е мала замка. Се работи за ншто повеќе од книжевноста – иако и неа ја има многу, на што подоцна ќе се навратам. Пред нас се 18 есеи, чии теми се движат од влијанието на Аристотеловата „Поетика“, преку „Рајот“ на Данте, преку историјата на италијанскиот анти-американизам, до „Како да се пишува“. Дури и ако вашето познавање на делото на Еко сопрело (и започнало) со „Името на розата“, последното поглавје сигурно ќе ви биде интересно. Но во што, можеби се прашувате, е предизвикот на есејот за „Рајот“, кој, длабоко се сомневам, сте го дочитале. (Ни јас не сум го дочитал.) „За да се поттикне мечтата кај младите читатели“, го заклучува Еко своето „Читање на Рајот“, „или на оние кои не се особено заинтересирани за Бога или за интелигенцијата,“ (ова е добар удар) „’Рајот’ на Данте е апотеоза на виртуелниот свет, на нематеријалните нешта, на чистиот софтвер … [тој] е повеќе од модерен; може да стане, за читателот кој ја заборавил историјата, неверојатно реален елемент на иднината. Тој го претставува триумфот на чистата енергија, која лавиринтот на вебот ни го ветува но која никогаш нема да може да ни ја даде…“, и така натаму, во интерес на просторот цитатот завршува овде, но ова е возбудливо критичко дело кое можеби ќе ве натера (или мене) да го прочитаме.
    Доколку го немав прочитано Нервал, не ќе можев да кажам колку е добар есејот на Еко за него (самиот Еко ни советува да се запознаеме со делото на Нервал), но Еко, кој е секако образован, на други места пишува за нешта кои не би требало да му се познати на просечно образован Британец. Има многу за Борхес, како што верувам очекувавте, и за Џојс, кому Еко му е потполно посветен; има и едно поглавје за Вајлд, за кого се сомнева дека е преценет – „за да биде доследен на своите принципи, требало да го пратат в затвор не за тоа што го љубел лордот Алфред Даглас, туку затоа што му праќал писма со зборови какви што се овие: ’Чудо е што твоите розово-црвени лиснати усни требало да бидат создадени не само за музиката на песната туку и за лудилото на бакнежите [sic]’.“ Мора да признаете дека има право.
    „Моќта на измамата“ е екстра-книжевно дело. Во него, Еко го испитува влијанието кое лагите и измамите го имаат врз






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+