Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Галерија Осврти

Вистината не е табу

Документарците, „пропаганда“ за враќање на вистинските вредности


/2
стр. 1
Ана Василевска

Функцијата на документарниот филм (повод: „Шампионите од Шутка“ на Александар Маниќ)

Субјективно осветлување на една стварност која објективно наведува на релативноста и апсурдот на животот е визулениот контакт со новиот документарен филм „Шампионите од Шутка“ на режисерот Александар Маниќ. Филмот во Скопје доби контроверзна димензија, бидејќи дел од Ромите не се идентифукувале со приказнатите на своите соседи – главните јунаци на овој извонреден документ на режисерот Маниќ. За среќа, прашината стивна уште пред да ги замагли очите на потенцијалните гледачи. Простор за полемика остана само на ниво на воопштената теорија за етиката на подвижните слики кога влегуваат во документирање на една реалност а сепак се оставени на апсолутната слобода на авторот.
    Во „Шампионите од Шутка“ е препознатлива умешноста на филмување од Чешката филмска акадедмија од каде што излегува и Маниќ. Се преслискува филмската игра на Федерико Фелини, така што веродостојноста на ликовите често наведува да се помисли дека сепак станува збор за актери кои се движат по добро осмислено сценарио.
    Универзалната порака од „веселата долина“ е дека индивидуалците кои ѝ припаѓаат на една специфична етничка група, одлично се справуваат во сопствениот организиран хаос во кој ја нашле смислата на животот и вистински грев е некој да помисли дека треба да ги стави во какви и да е цивилизациски рамки. Во тоа микро-општество, секој го нашол своето место; не постојат предрасуди со кои се расправа „цивилизацијата“, како и ниту едно табу. Еден покрај друг живеат фанатични вљубеници во натпревари во турска музика, борби со гуски, колекционери на гардероба, травестити, хомосексуалци. Вулгарноста е сосема елиминирана, пред природната нарација на камерата.
    Сите карактери отсликани во овој филм се портрети на страствени поединци кои општат со животот во полна ерекција. Нередот, смрдеата, супстандардите … се занемарливи категории на нивното секојдневие. Љубовта кон животот е и над самиот живот!
    

Авторот не манипулира со ромската егзотика како што тоа е веќе видено во естетиката на Емир Кустурица или Столе Попов.
    Приказната е зачинета со одлични тонови на Горан Бреговиќ, мајстор кога станува збор за музичка илустрација на слични теми.
    „Шампионите од Шутка“ суптилно го отвора и прашањето за намерната или ненамерна гетоизација. Таму на маргините на еден град и на едно општетство, живее една заедница која веројатно својот „устав“ не би го менувала по ниту една цена. „И да имам мерцедес, повторно би поседувал десет коњи“ – реплика која укажува на индивидуален избор, колку тој и да се коси со востановените норми. Дури и Маниќ да го синтетизира документот, на оваа реплика






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+