Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Галерија Осврти

И разликите се дел од единството

по 46-та меѓународна филмска смотра во Солун


/6
стр. 1
Георги Василевски

    Во категоријата фестивали што го афирмираат колку иновантниот дух на новата продукција, толку и достоинството на класичниот филм, спаѓа и Меѓународниот фестивал во Солун кој во ноември 2005 година ја доживеа својата 46-та годишнина. Импресивен број години кои од градот на Беаз Куле направија омилена дестинација на филмаџиите фалени или кудени во својата средина како голема надеж за иднината на филмот, како анфан терибл кој, меѓутоа, наскоро ќе се претвори во конформист, или како непоправлив еретик. Домаќините својски се трудеа списокот на естетички спротиставените автори и на филмовите тематски конципирани како повик на пресметка со конформизмот, да биде колку е можно поразнолик. Таа тенденција можевме да ја препознаеме и во концептот на фестивалската програмата од минатата година, и во филмовите прикажани пред една, две и повеќе децении, како и во делата на учесниците од 46-то издание на Солунскиот фестивал.
    

Човекот со количка, [Ramin Bahrani, Man Push Cart]

    Густиот, декомпониран мозаик на фестивалските филмови вклучени не само во натпреварувачката секција, туку и во програмите Денови на независниот филм; Балкански поглед; Младите Американци; Омаж; Грчкиот филм 2005, можеше лесно да ве придобие за идејата дека модерниот филм бегајќи од конформизмот на класичните естетски шлколи, ги расплина своите перспективи во ситни идејни фрагменти. Со своите недоречени стории, тој малодушно побегна од поетичкиот контекст во кој и победниците и губитниците се рожба на својата средина и во кој острите судири меѓу поединците и колективите одат рака под рака со состојбата на апатија и немоќ.
    

Црна четка, [Roland Vranik, Fekete Kefe]

    Но, тоа е впечаток кој само навидум ја отсликува актуелната кинематографска ситуација во светот, проектирана, се разбира, на програмата на 46-от Меѓународен фестивал во Солун, на која се најдоа повеќе од 250 наслови од сите пет континенти. Судејќи по филмовите што ги видовме, станува повеќе од очигледно дека денес младите автори имаат поголема доверба во особеноста на сопствената перцепција, колку и да ѝ недостига на нејзината острина јасност и читливост, одошто во постулатите на монолитните естетички системи.
    Отаде и зачестената тенденција својата имагинација понапред да ја ставаат во служба на артикулацијата на индивидуалните судбини одошто во анализата на колективните емоции. Тие одбегнуваат да се групираат околу една школа или едно движење, како што тоа беше случај во изминатиот век. Времето на фасцинацијата од поетиката на едно движење и од силата на влијанијата што тоа ги вршеше, се чини, стана минато. Харизмата на германскиот експресионизам, фатализмот на францускиот поетски реализам, хуманизмот на италијанскиот неореализам, бунтовништвото на францускиот нов бран, или документаризмот на неодамнешната Догма што ја пласира Данецот Ларс фон Трир, се






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+