Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Театар Теорија

Интеркултуралноста во танцот

/3
стр. 1
Соња Здравкова-Џепароска

Танцово творештво многу рано има изградено однос во кој сопствениот изразен систем го поставува наспроти туѓиот/ поинаквиот/другиот танцов кoнцепт. Соединување на различните културни/танцови облици се одвивал во тек на повеќе столетија започнувајќи од 17 век. Тоа најнапред била фасцинација од контактот со егзотичното. Претставите од овој период не извршиле конекција на танцовиот материјал туку обидот за соединување се рефлектирал во поддржувачките изразни, сценски системи – костим и сценографија. Развојот на балетската лексика иницирал спој на танцовиот материјал преку кој може да дефинираме/препознаваме три основни креативни модели – поликултурален, интеркултурален и метакултурален. Во нив проследуваме различен пристап и обликувачка постапка.
    Во втората половина на 19 век се засилува трендот на интегрирање на разновидните стилско-национални поетики во единствениот сценски поточно кореографски текст. Тоа е најтрaнспарентно во балетите на Делиб, Чајковски, Глазунов каде во музичката структура се поставени единици кои носат препознатливи национални одлики (ритмичко-мелодиски). Овој специфичен облик на конектирање на делови со детерминирана национална содржина во балетската теорија е познат како карактерна суита. Чајковски за карактерната суита во Лебедово езеро (1877) ги пишува неаполитанскиот, шпанскиот, рускиот, унгарскиот танц и мазурката, во својот последен балет Оревокршачка (1892) оди чекор подалеку, покрај рускиoт и шпанскиoт танц, вклучувајќи ги кинескиот и индискиот. Постапката на соединување не ја условува оригиналноста и изворноста односно степенот на стилизација бидејќи формулацијата на танцовиот материјал зависи од авторот на сценскиот текст– кореографот, а најмногу од периодот на творење. Потребата да се доближи поинаквата/различна култура односно танцова форма го гради првиот модел кој го определивме како поликултурален. Во него напоредно едно до друго стојат различните/разновидните форми-танци кои во конкретниот модел не влијаат еден на друг. Поликултуралноста не подразбира симбиоза туку единствено презентација и афирмација.
    Еволуирањето на балетска естетика кон крајот на 19 век донесе измени во форматирањето на материјалот, каде го пронаоѓаме вториот модел – интеркултурален. Во него доаѓа до меѓусебно, тесна поврзување на танцова содржина која има различна културолошка, семиолошка, феномемолошка поставеност односно потекло. Овој тип на креирање подразбира соединување/монтирање на најдоминантните елементи во единствена кореографска текстура која треба да ги поврзе/сплоти конечно „измири“ диферентните кинестетички концепции. Симбиозата се врши на микро ниво преку соединување на стилски различните кинеми во рамки на една улога односно лик. За разлика од праксата на поставување на изведувачи кои се претставници/носители на одреден специфичен традиционален културен модел (танчари на катакали, артисти од Кинеската опера, актери на европскиот театар) во единствена претстава која постои во драмскиот израз (особено кај Еуѓенио Барба) танцот поврзувањето го поставува на едно






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+