Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Галерија Осврти

Мајсторот и коментарот

(Александар Станковски, изложба во Културен центар „Точка“)


/2
стр. 1
Љубен Пауноски

Во дваесеттата година од здобивањето со академска „дозвола“ за професионално естетско возење на големите и малите теми низ сериозната иронија на животот и времињата, Александар Станковски изложува само деветнаесет слики. Случајно или намерно, но од начинот на мислење на уметникот, тоа поттикнува кон алузии за церемонијалиите во социјалната, политичката, верската и другите видови пориви за лични и колективни разновидни идолатрии, конечности, симболични обесмртувања во времето.
    

    Станковски ги прочитал знаците на своето време, ги мисли и ликовно ги практикува, и истовремено, во фрагменти, или во самите знаци на „новата“ ликовност покажува мајсторство од историчноста на автономното поле на сликарството. Само да се потсетиме на „Тајната вечера а ла Дизни“ од 1991 г. или пародијата за Хитлер (претендент за „сотер“-спасител), маркантни според темите и демистификацијата на „големите“ теми, прашања, личности, но и според коментарите на едуцираната и прониклива личност. Станковски ја применува и уметничноста на визуелните медиуми на XX век, од подвижните слики, па сè до „инфантилните“ магови на цртаниот филм, стрипот, карикатуралноста. Токму во овие медиуми „големите“ теми се ефектно извртени и сместени во „детските“ и авантуристичките вијуги на комуникацијата, и на тоа светот слатко се смее и во тоа „весело“ им се предава на истите прашања на доброто и злото, на сериозното и несериозното, на можното и неможното, на реалното и надреалното. Истите, завиткани во сериозност, строгост или божествени нормативи им буричкаат во совеста и кревкиот духовен багаж на луѓето.

Станковски не останал рамнодушен а да не покаже, или да предложи, дека тие две линии се исти патувања, но со различно сценарио. Како патот за „знамето на лебот земски и лебот небесен“. Во тој измиксан израз, естетиката и духовноста (промислата) на сликата се целосни. И со еден хуморно-гротесктен сликарски израз, прашањата за религијата, сексуалноста и политиката во овие слики, ни ја отвараат меморијата за „чудото, тајната и авторитетот“, трите единствени големи земни сили од Големиот инквизитор на Достоевски. Прашањето пред што да се поклониш/потчиниш е отворено, но потребата и натаму е страсна. И во однос на ова, овие навидум лежерно стриповски слики, пробиваат со мисловна сила и за овие прашања од милениумскиот говор на Големиот инквизитор. Сериозноста и хуморот до иронија, овој уметник ги споил и ништо не им фали. Станковски е отворен за идеолошко-политички, социјални и етички теми од комплициран карактер во глобалните политички, цивилизациски, колонијални, религиозни, сексуални, локални, скопски, и други процеси на тн. слобода. Или слобода во зависноста. Дрвото на животот содржи сè, и е преполно со






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+