Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 46 | година IX | јануари-февруари, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 46јануари-февруари, 2006
Звук Осврти

Македонија е рудник на талентирани луѓе

интервју: Оливие Самујан, музичар и глобтротер


/4
стр. 1
Љупчо Јолевски

Јас немам финална дестинација. се надевам дека ќе го пропатувам светот многу пати. Кога свирам, чувствувам нешто екстремно силно во себе. Дури се случило сите околу мене да ја почувствуваат истата таа енергија. Е, тоа е успех, вели Оливие Самујан, мајсторот на виола, инструменталист и автор што со својата енергија ја плени овдешната супкултурна јавност

фото: Маја Јаневска

Оливие Самујан е млад човек. Французин што следејќи го патот на љубовта полека ја освојува Македонија. Во последниве неколку години стана поголем скопјанец од мнозина родени во градов. Сопруг е на режисерката Теона Митевска и татко на четиригодишниот Каелиок. Има класична музичка наобразба и огромна желба за разбивање на предрасудите. Во музиката. Во животот. Студирал на џез академијата во Беркли и свирел по париските плочници. Денот вообичаено го почнува во Македонската филхармонија. Неговата насмевка ќе ја забележите и на некое од локалните попладневни матинеа во извиканите клубови во градов. Неуморен е на пробите со Проект Жлуст и Д.Н.О.. Велат дека студиото во Кисела Вода му е втор дом. Навечер свири концерт или со локалните мајстори на занаетот по којзнае кој пат го кажува својот музички завет. Ноќта ја чува за своите најмили и за да го скроти ѕверот во себе. Да поработи на нотите што допрва треба да ја видат виделината. Оливие за неверојатно кратко време стана вистинска овдешна урбана легенда.

фото: Маја Јаневска

Тулуз – Бостон – Скопје. Франција – Македонија. Се чувствува ли Оливие Самујан во своја кожа во средината во која сега важи за најценет и најангажиран странски музичар?
    – Најубаво е кога патуваш со музиката. Секој нов ден, секоја нова дестинација е авантура. Малку по малку јас креирам мрежа помеѓу различните места каде што работам. Овој аспект е од голема важност за мене. Порано ги поврзував француските и американските уметници и организирав нивна размена. Оваа мрежа сè уште функционира помеѓу Њујорк и Париз и без мене, но можам да ја обединам кога и да посакам. Таа пред сè е силна конекција помеѓу различни луѓе, слична на онаа што во моментов ја имам со некои овдешни музичари, кои се дел од мојата моментална животна приказна, иако веќе утре можеби ќе заминам од Македонија. Тоа реално веројатно и ќе се случи идното лето, но ќе се враќам одвреме-навреме и ќе ја продолжам соработката со македонските артисти, кои се дел од мрежата што повторно почнав да ја обединувам. Од неодамна, кога станав татко, ги ограничив своите патувања и затоа повеќе се фокусирам на авторска музика. А, една од причините






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+