Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 47 | година IX | март-април, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 47март-април, 2006
Проза

Затворање на банката

/9
стр. 1
Томас Шапкот

    Сите знаеја дека тоа ќе се случи, но тоа не го намали малиот шок кога прво им се јавија по телефон а потоа им испратија официјално писмо со изразено жалење и со терминологија на рационализирање, што е друг збор за распределување. Распределувањето беше нешто на кое Бернард се сеќаваше од Втората светска војна и времето по неа, кога беше мало дете. Распределувањето значеше немаштија и редици и заминување со празни раце. Се сеќаваше на распределувањето на шеќерот, и на денот кога речиси беше скалпиран од мајка му поради експериментот што тој и Беверли од другата страна на улицата го правеа со домашни лижавчиња. Лижавчињата испаднаа заникаде, шеќерот беше попусто потрошен – сè уште се сеќава како мајка му ги гребеше остатоците од шеќерот од кујнскиот под и пцуеше, навистина пцуеше. Беверли беше протерана од кујната.
    Тој мина голем дел од своето време во распоеделување. Распределување, не рационализирање. Имаше еден период во средно училиште кога спроведе долг режим на распределување анисови топчиња. Сега не може да се сети зошто анисовите топчиња го беа опседнале толку многу, но ги собра на стотици. Ги чуваше под својот кревет, во стари шишeнца од витамини. И си ги распореди себеси, една по една, не повеќе од три днвено. Само на двајца од неговите другари им беше дозволено по едно анисово топче од неговиот дуќан. Тоа беа Бил и Кенет, а за топчињата му дадоа скапоцени поштенски марки од Малајските Држави. Дури и тогаш Бернард беше некаков банкар. Кога татко му првпат го однесе во Комонвелтот, Бернард беше фасциниран од благајниците, кои се расфрлаа со монети и банкноти.
    Зошто анисови топчиња? Тоа беше толку одамна за сега да се мачи со него. Тоа беше фаза. Како и решението кое го донесе подоцна: да го распредели бројот на годишни посети на киното. Годишно. Не месец или недела: дури и тогаш имаше осет за мерење на здивот, како да се работеше за финансиска пресметка.
    Подоцна, воопшто не беше изненадувачки кога го распредели бројот на часови кој неговите сопствени деца смееја да го минат во гледање телевизија. Дури минатата година забележа – или Џин му обрна внимание – дека инстинктивно го има распределено бројот на минути кои себеси си ги дозволува за читање на утринскиот весник. Таа му го мерела времето. Во пет минути после осум, по вестите на Ејбиси, до 14 минути по осум. Бернард ги разслистуваше весниците како темпиран. Дури и кога не ќе стигнеше подалеку од третата страница, ќе


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+