Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 47 | година IX | март-април, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 47март-април, 2006
Есеи

Реконструирање на европезимот?

/10
стр. 1
Алеш Дебељак

    Повеќе од десет години после Свилените револуции и бруталниот распад на Југославија, сепак станува јасно дека несомнената координација помеѓу „европските“ симболични, морални, политички и социјални вредности, од една, и „европскиот“ капитализам од друга страна, веќе не е возможна. Пандорината кутија се отвори после падот на Берлинскиот ѕид и веќе не може да се затвори. Додека источниот дел од континентот се соочува со подемот на фанатичниот национализам и раѓањето на многу нови држави врз основа на старите (иако не секогаш забележливи) етнички традиции, Западна Европа го одвраќа погледот од враќањето на потиснатата историја, убедена дека „растежот на нациите“ е нешто што се случило многу одамна. Се чини дека болната историја на деветнаесеттиот век – унификацијата на германскиот Länder, прикрпувањето на италијанските провинции („Ја имаме Италија, сега ни требаат Италијани!“ извикал Масимо д’Азело) и бруталната етничка хомогенизација извршена од француската држава – денес е потполно заборавена. Доколку овие националистички движења од минатото многу појасно биле вклопени во симболичниот хоризонт на Европа, можеби денес некој не би можел со леснотија да помисли дека, додека национализмот во поголемите земји е легитимен, национализмот во новите, помали земји неодложно го активира алармот. Со цел да се започне со европската интеграција, било неопходно да се потисне националистичката историја на Западна Европа. Така, поранешните националистички земји станаа ентузијастички Европејци под превезот на економскиот напредок и консензусот на неодминливиот напредок на „заедничкиот пазар“. Токму во обид да го поттикне овој процес, Винстон Черчил го одржа славниот говор на Универзитетот во Цирих во 1946., засновајќи ја реконструкцијата на европското семејство врз идното партнерство помеѓу Франција и Германија.
    Франција и Германија – коишто заедно ја претставуваат водечката сила за денешната европска интеграција и коишто навистина имаат многу вложено во постоењето на силна Европа (иако од различни причини) – ги имаат повеќе или помалку закопано нивните национални нетрпеливости преку соочување со демоните од нивната сопствена тоталитарна историја (режимот од Виши, Третиот рајх). Иако нивните визии за иднината на ЕУ може да се разликуваат, во однос на нивните специфични национални истории (француската републиканска традиција на силна држава и германскиот развој на уставните ограничувања создадени да ја спречат можноста за уште еден Холокауст), сепак можеме да го воочиме заедничкиот одредител во сите нивни европски напори, односно национализмот на полното ќесе.
    Не ме разбирајте погрешно. Нема сомнеж дека историската помиреност помеѓу овие два традиционални противници претставува значајно достигнување на политичката мисла и дека заслужува длабока почит. Но, би биле заведени ако не го препознаеме приматот на економската


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+