Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 47 | година IX | март-април, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 47март-април, 2006
Критика

Нова Европа: замаглени погледи

/3
стр. 1
Роберт Мјуреј Дејвис

Скриено ракување: Националниот идентитет и Европа во светот на пост-комунизмот, од Алеш Дебељак. Преведено од Алеш Дебељак и Роули Грау. Њу Јорк и Оксфорд: Роуман и Литлфилд, 2004.

Ако ЕУ треба да поттикне што било налик на патриотизам, ќе мора да развие усет за идентитет, истовремено почитувајќи ги културите кои него го создаваат, пишува Алеш Дебељак.

Иако словенечкиот поет и културен аналитичар Алеш Дебељак минал доволно време во Америка за да стекне и звање доктор на науки и сопруга, тој едно од четирите поглавја на Скриено ракување им ги посветува на жалењето што словенечката уметност и историја се речиси непознати во Америка, и неволно забележува дека „барем од после Втората светска војна, културната важност на Америка ја има надминато секоја засебна традиција: таа станала сцена за сиот свет“. Самиот автор, како што наведува и поднасловот, е многу посериозно замислен над културните и политичките улоги, или на нивното отсуство, на најновите нации во склоп на Европската Унија.
    Дебељак е особено замислен над несупехот на ЕУ да прифати некои од вредностите на националната држава, според него европски производ кој на најдобар начин национализмот го претвора во патриотизам, дозволувајќи не само постоење туку и процут на малцинските култури, и го поттикнува, низ својата космполитска атмосфера, плодното мултикултурно споредување. (Секако, авторот е свесен за дејствата со кои особено германистичката култура се има вгнездено во словенечкиот политички и културен живот, и е загрижен за мнозинските јазици кои стануваат ексклузивни средства за политички дискурс во ЕУ).
    Всушност, се чини дека Дебељак е длабоко евроскептичен, а во однос на француското и холандското одбивање на уставот на ЕУ, неговите анализи не само што се точни, туку се и пред своето време. Тој наведува четири причини за скептицизам: загриженост за исчезнатите државни граници; копнеж да се заштити етничкиот идентитет; „демократскиот дефицит“ во раководењето со работите во самата ЕУ, од Брисел па натаму; и „неуспехот во создавање на ’заедничка мисловна рамка‘“.
    Последната причина ја проткајува книгата. Дебељак вели дека импулсите зад ЕУ се примарно технолошки и економски. Дека „Европа“ е дефинирана како Западна Европа, на што се должи и пропустот на ЕУ да интервенира во Босна. И дека „Старата Европа“ се однесува како да е предворје на американското општество, конструирана да ги исклучи помалку културните, етничките и економските раси, прифаќајќи ги импликациите на поделбите кои датираат не само од Студената војна и Шенгенскиот договор, туку од Договорот во Тријанон, кој ја заврши Првата светска војна.
    Како противтежа на оваа исклучивост – и за да обезбеди






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+