Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 47 | година IX | март-април, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 47март-април, 2006
Звук Осврти

Препорачани албуми

/5
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Боб Халперин: „Сите видови блуз“

„Сите видови блуз“ е сосема соодветен наслов за овој извонреден албум и одлична колекција на блуз материјал кој ја евоцира историјата во најчиста, архаична форма, гитара и глас. Ова е едно од најдобрите акустични блуз изданија последниве години, навистина импресивно дело на Боб Халперин, музичар кој несомнено заслужува повеќе внимание. „Сите видови блуз“ покрива различни стилови, од традиционалните почетоци на Делта блузот, низ колоритот на Пајдмон, преку Тексас, регтајмот, до современите предизвици на класичните фолк форми. Сето тоа е направено со чувство и страст на музичар наполно предаден, нешто што ретко се случува во последно време. Гласот на Халперин, во кој се чувствуваат чадот и аромата на виски, наполно се поистоветува со совршено музицирање кое секако е традиционално по формата, но со високо изразена индивидуалност; секогаш се појавува по некое звучно изненадување за слушателот. Нема многу музичари кои можат да му се доближат на Халперин кога станува збор за изведбата. Тука ги вбројувам и оние кои продаваат многу повеќе плочи – и тие би можеле да научат понешто од Боб Халперин. Одбир на материјалот ја покажува неговата способност за оставање сопствен авторски знак во жанрот, неговата визија и приодот. Овие песни го слават животот, колку и да е горчлив и суров на моменти, секогаш носејќи во себе оптимистичка нота – животот, каков што е, сепак е вреден да се живее.
    Внимателно одбраните композиции, меѓу кои има помалку познат материјал на некои класични автори (Слипи Џон Естис, Хенри Таузенд, Вили Браун, Роберт Џонсон, Вили Диксон), материјал обоен со „кантри“ арома (Џек Клементс и Џими Роџерс), џезиран материјал од перото на Кинг Оливер и Палмер/Вилијамс, традиционални напеви и современи теми на неговиот музички партнер Дјуи Бернс, покрај двете свои сопствени теми, покажува дека станува збор за музичар кој на сето става сопствен препознатлив имиџ. Тешко е да се одберат фаворити од оваа колекција: сите 18 теми се вистински погодоци, затоа најдобро е да го слушнете комплетниот албум.
    Едноставна во презентацијата, базирана само на гитара и вокал (и без податоци за усната хармоника на неколку теми) оваа музика го дефинира емотивното патување низ времето на Боб Халперин, нешто што секој љубител на блузот, дури обичниот љубител на музиката би требало да го слушне и да биде благодарен за откривање на прекрасна музика благодарение на Боб Халперин.

звучен запис

Мајк Велч: „Додавање детал кон повредата“

Најновиот албум на Мајк Велч покажува дека овој сè уште млад гитарист работи






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+