Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 47 | година IX | март-април, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 47март-април, 2006
Звук Осврти

Фолтин: Водиме герилска војна со малодушноста

/7
стр. 1
Љупчо Јолевски

Публиката е вистинско битие во потрага по малку забава или, којзнае, можеби некаква сериозна врска. Стои пред тебе и чека нешто да ѝ кажеш. И можеби сме навистина сродни души. Она што ѝ го зборуваме почнува да ѝ се допаѓа. Којзнае? Тоа може да биде почеток на едно убаво пријателство. А ако подобро размислам, или е тоа или сме добри за циркулација, вели Бранко Николов, лидерот на Фолтин, бендот што од локална арт-атракција израсна во една од оригиналните звуковни појави во глобални рамки

фото: Елена Бојаџиева

Бранко Николов (вокал, гитара), Пеце Николовски (кларинет, усна хармоника), Пеце Трајковски (хармоника, акустична гитара, машина за пишување), Петар Димитровски (електрично пијано, клавијатури), Гоце Јовановски (бас) и Славе Јовев (тапани) во 2005-та го потпишаа Lo-Lee-Ta-Too, албумот што претставува креативен врв во еднодецениското творештво на Фолтин. Станува збор за објава што не само што ја обележи минатогодишната продукција на современата македонска музика туку и на најподатлив начин проговори за имагинативноста на нејзините творци, кои со невидена леснотија создадоа дело што ги брише границите помеѓу студиските сесии и енергичните концертни перформанси. Албум што наедно плени со спонтаноста и од кој буквално секоја песна (од Милице, која се изврти дури и на радиостаниците што никогаш не емитувале поп-музика, преку I'll Die If You Touch Me, Пссст, Гарнета до Прсти, прсти) во нормални услови на функционирање на дискографскиот пазар би била полнокрвен хит.
    Разговорот што следува доаѓа во периодот кога Фолтин со несмалена жестина ја продолжува својата успешна серија концерти и се подготвува за заокружување на новиот проект – кавер-верзии на песните на легендарниот Дејвид Боуви.

Како настана Фолтин и кој ви беше првичниот концепт? Кои беа луѓето што ја чинеа поставата? Како дојдовте до името на бендот и до каде тогаш ви досегаа амбициите?
    – Сонувачи, авантуристи, опседнати од потребата за креирање, па така се наметна и симпатичниот лик од Композиторот Фолтин на Карел Чапек. Тоа е духот на групата. Ние сме и сега такви. На почетокот низ Фолтин се претераа многу луѓе. Даваа и земаа тоа што им треба, и си заминуваа. И тоа е во ред, ги разбирам. Не се сите спремни на толкава жртва. А пак ние сега не би можеле поинаку. И ако веќе мора да зборуваме за минатото, Оливер Јосифовски е единствениот кој одамна не е во бендот, но некако, почесно сè уште му припаѓа. Тој го има оној фолтиновски дух – сонот да се сонува до крај. Па затоа, и покрај разликите, добро ни оди дружбата.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+