Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 47 | година IX | март-април, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 47март-април, 2006
Театар Теорија

Интеркултуралноста: тренд, егзотика, естетика, поетика и...така натаму!

/12
стр. 1
Јелена Лужина

ИНТЕРКУЛТУРАЛЕН ТЕАТАР
    – Меѓународна научна конференција –
    СКОМРАХИ – 2005
    30 март 2005, ФДУ – Скопје

    За што, всушност, зборуваме кога зборуваме за интеркултуралноста?
    На што асоцираме кога – сè почесто и со сè поголемо воодушевување, да не речам леснотија! – го употребуваме (или, дури, ЗЛОупотребуваме!) овој амбигвитетен, моќен, силно редундантен културолошки поим, што – од крајот на шесеттите години на изминатиот век – суверено прерасна/прераснува во респективна методолошка категорија?
    И, најважно: како и зошто оваа респективна методолошка категорија постојано им се „наметнува“ на сè поголем број сè поразновидни научни области што на овој или оној начин го афирмираат културолошкиот поглед кон феномените на нашето време: од антропологијата, социологијата и компаративната книжевност до комуникологијата и – за нас, во моментов, најинтригантната театрологија, тоа исклучително динамично „научно подрачје во рамките на општествено-хуманистичките области, коешто, преку разновидни научни дисциплини, настојува да ги протолкува постанокот, дејствувањето, функциите и уметничко-изразните детерминанти на театарот, не само во дијахронискиот, туку и во синхронискиот аспект на неговата појавност“ (Batušić, 1989:9)?
    Речници на книжевни и/или театарски поими/термини интеркултуралноста (англ. interculturalism) ја детерминираат како специфична филозофска и естетска ПЕРСПЕКТИВА, која овозможува на интегралниот систем на културата (културата разбрана и „практикувана“ како интегрален систем) да се гледа како на провокативно, динамично, практички неограничено, ЗАЕДНИЧКО поле на перманентно интерактивно дејствување, „ековски“ отворено кон сето ОНА, но и кон сите ОНИЕ што во неговото перманентно „случување“ партиципираат. Независно дали партиципираат „со намера“ (што ќе рече: програматски) или – просто – затоа што се „затечени“/„понесени“ од индуктивната сила на самото (магнетско) поле на интеркултуралноста. Ерго, детерминацијата сугерира дека фамозното поле на интеркултуралноста функционира безмалку митски: како практички неомеѓено, всушност – безгранично.
    Поедноставено кажано, интеркултуралниот концепт подразбира вклучување/активирање на (нај)различни култури, кои – во одреден контекст и/или миг, заради фактот што од било која причина меѓусебно само/случајно се допреле, или пак затоа што се допреле со намера, заради остварување на определена мисија и/или цел, творечка или херменевтичка – прагматично се здружуваат во/околу еден концепт, што претходно е препознаен како потенцијално заеднички. Здружувањето, се разбира, најпрвин претпоставува иницијален контакт (на фокусираните различни култури), кој потоа се остварува како неизбежен/автентичен допир, што резултира со квалитетна/директна/непосредна комуникација помеѓу субјектите што се допреле и продолжуваат да се допираат. Бидејќи секоја комуникација е најмалку двострана, вклучително и комуникацијата помеѓу две (или повеќе) култури, таа секогаш и неизбежно резултира со преземање на одделни елементи што изворно ѝ припаѓаат било на културата која го иницира контактот/допирот (условно би можеле да ја наречеме културата што „дава“ или културата на Првиот),






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+