Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Критика

Хуморот во литературата

/12
стр. 1
Јасмина Мојсиева Гушева

Прашањето на хуморот како феномен, како процес, како човечка активност која наоѓа широка примена во литературата е цел на ова сериозно истражувачко разгледување. Тој феномен е и со широка општествена прифатливост. Присутен е во различни култури и цивилизации опстојувајќи низ времето. За да го најде својот одраз во литературата тој мора да задоволува одредени потреби, да биде во согласност со заснованоста и раширеноста и да биде нераскинливо поврзан со социјалните контексти. Со тоа се создаваат услови за транспарентно, непосредно проживување на она што перманентно се случува во животот.
    Овој текст зборува за карактерот на состојбата која во литературата се означува како хумор. Тој се обидува да даде колку што е можно поширок поглед на условите во кои настанува хуморот, неговата презентација во различни литературни жанрови, неговата општествена функција, значење и застапеност во различни цивилизации. Клучното прашање кое се поставува е зошто писателите го избираат комичниот израз. Или зошто нивниот израз во некои дела изобилува со животни радости и веселост, додека во други е строго сериозен. Зошто некои писатели се приклонуваат кон добронамерната смеа и ведрото расположение додека други обилно го користат црниот хумор и циничното потсмевање.
    Јасно е дека хуморот е поглед на свет кој може да биде суштествен израз за вистините во светот и неговата севкупност. Нештата видени низ неговата призма изгледаат поинаку од тие видени низ призмата на сериозноста. Местото кое хуморот го зазема во литературата може да се спореди со местото на кризите во општеството кои се неопходен предуслов за настанување на нови промени. Колку што е очигледно, толку е и важно да се истакне дека хуморот ги открива долготрајните неправилности со кои луѓето не сакаат да се соочат. Хуморот е единствениот начин со кој луѓето можат да ги изразат непријатностите. Според Преисенденс[1] најлошите појави ѝ се препуштаат на смеата бидејќи прикажувањето на несреќите и злоделата ја мобилизира комиката. Сè може да се осветли со помош на комиката, на тоа нè учат искуствата и теоријата.
    Комичното и хуморот се тесно поврзани феномени. Тие се разликуваат како музиката и музикалноста. Хуморот ја поврзува комиката која е чисто естетичка категорија со другите видови на смеа во кои доминираат психолошките или социолошките фактори. Но тој има нагласена етичка функција. Веднаш исчезнува таму каде што се појавува сериозно страдање и тешка болка. Хуморот е душевна состојба во која запаѓаме откривајќи ги позитивните внатрешни суштини преку надворешните манифестации на туѓите мали недостатоци. Во книжевноста хуморот доаѓа до израз во прозната литература, кај раскажувачите како што

_____________________________________

1. Preisendans Wolfgang: O prednosti komičnog u prikazivanju povjesnog iskustva u njemačkim romanima našega vremena, во Uvod u naratologiju, 1988, str. 226.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+