Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 48 | година IX | мај-јуни, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 48мај-јуни, 2006
Проза

Феликс

/5
стр. 1
Ф.Л. Бастет

    Таа едноставно беше грда старица која живееше во мал стан. Сепак, недостигот љубов на неа имаше оставено чудни траги кои ја правеа речиси интересна. Со години беше наставничка во основно училиште, посветена на својата работа, така си мислеше. Но се чинеше дека сите тие потполно ја заборавиле. Никогаш не виде ниедно од нив. Ова ѝ пружи одредено задоволство: повеќето луѓе беа помалку доблесни од неа.
    По пензионирањето, живееше самотен живот во еден стан на една тмурна улица во Хаг. Се викаше Убрехстраат, според композиторот, но името беше единственото убаво нешто кое улицата го имаше, а луѓето кои на неа живееја веројатно и за тоа не беа свесни. Нејзината осаменост ја споделуваше со малата мачка која ја сакаше. Колку што беше можно, се криеше од соседите. Излегуваше во набавка само кога мораше, рано наутро. Не ги познаваше дури ни луѓето во становите под нејзиниот. За да го спречи ѕиркањето на луѓето отспротива, имаше ставено дебели завеси кои никогаш не ги креваше. Себеси се сметаше за прилично добра личност. Нејзиниот единствен вистински грев беше желбата за слатко – колачи, евтина чоколада – од што се срамеше, но никој од нејзините соседи тоа никогаш не го откри. Со ова, таа си ја задоволуваше повредената суета. А бидејќи имаше неколку живи роднини, сета топлина за која што беше способна беше насочена кон мачката.
    Животното навистина беше исклучително мало, џуџе меѓу мачките. Дури и кога подостаре, сè уште личеше на шестмесечно маче. Ова не беше неговиот единствен шарм. Тој беше и многу приврзан, и интелигентен и убав: темно жолт со малку кафено, речиси како да не беше од овој свет. Или така барем таа си мислеше. Иако со својот мал Феликс немаше вистинска врска, нејзиниот однос со него беше крајно интимен, речиси сомнителен. Година по година, Феликс смирено ги прифаќаше нејзините секојдневни галежи, брборењата, и другите покази на нејзината љубов. Тој ја наградуваше со триење на главата од неа и слатко мјаукање. Мачките понекогаш се исклучително вешти во умилкувањето.
    Но исто така, кога ќе дојде мигот, го покажуваат својот суштествен недостиг на морален карактер. Се однесуваат речиси како уличари. Феликс се однесуваше чудно веќе неколку недели. Не јадеше. Веќе ги немаше нежните мјаукања. Понекогаш испушташе крик кој беше речиси човечки. Пиеше без да моча. Беше малку надуен. Ништо не можеше да го натера да ја напушти својата корпа. Еден ден дури и се дрзна да легне веднаш крај неа, здрвен како камен. Без и најмало навестување. Три дена


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+