Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 48 | година IX | мај-јуни, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 48мај-јуни, 2006
Критика

Оригинална нијанса на перцепирањето на реалноста

„Ова е таа, твојата“ од Магдалена Хорват, Македонска реч, 2006 г.


/3
стр. 1
Маја Апостолоска

Исчитувањето на дебитанската стихозбирка на Магдалена Хорват кај мене го поттикна размислувањето за блискоста или различноста на нејзината поетика со лирските концепции на помладата генерација македонски автори. Таквата контекстуализација и споредување сметам дека се солидни методи за откривање на диференцијалните црти на творештвото на еден автор.
    Досегашните, иако малубројни, книжевно-критички истражувања, кои се осврнуваат на стожерните поетички преокупации на новата генерација македонски поети, покажуваат дека, и покрај нивната разнородност, кај нив постојат слични креативни тенденции, кои често се подведуваат под терминот постмодернизам. Силно изразената интертекстуалност, наметливата десакрализација и иронија, сопствената митологија која бара алтернативни метафизички решенија, урбанизираниот поетски космос и лексиката која кореспондира со современите животни и научни текови се книжевните постапки кои укажуваат на нивниот заеднички сензибилитет и автентичност. Иако некои од овие постапки се насетуваат и во поезијата на Хорват, со внимателна анализа може да се увиди дека таа не се приклонува целосно кон овие општи определници, туку следејќи го сопственото книжевно искуство, таа создава специфичен лирски израз.
    Тоа што во одредена мера ја разликува од споменатава генерација и што може да се забележи и при површно читање на оваа стихозбирка е впечатливата музикалност на стиховите. Нејзините врсници вообичаено го пренебрегнуваат тој аспект на поезијата, афирмирајќи го наративниот дискурс. Стилската доминанта во поезијата на Хорват се токму фономорфолошките фигури, кои не се случајни факти или необмислени гласовни игри, туку претставуваат смисловни постапки кои го потенцираат нејзиниот естетски квалитет.
    Јазичните експериментирања што доведуваат до создавање интересни параномастични склопови и внатрешни рими се јасен показател дека оваа поетеса влегува во македонската книжевна сцена со продлабочен однос кон можностите што и ги нуди сопствениот јазик. Во песната насловена „Проблемот“, дури и самите фонеми, односно графеми, добиваат рамноправен статус со јазичните знаци. И уште повеќе, во нив се бара визуелна мотивираност при што тие се изедначуваат со пиктограмите: Проблемот беше во твоето Ш. Тоа / Ш што никогаш не ми ја чешлаше косата, туку си / стоеше исправено меѓу нас двајцата како штици / од ограда.
    Заводливоста на песните на Магдалена Хорват не е само на фономорфолошко рамниште, туку и на содржинско. Нивната тематско-мотивска преокупација, која исто така во многу нешта се разликува од лирските светови на нејзините генерациски современици, главно се движи во реалните животни координати. Во нив се одразуваат секојдневните искуства, ослободени од тешкиот товар на темните метафизички промислувања. Но тоа е стварност не сфатена како тоталитет, туку како фрагментарни исечоци во кои најчесто доминира лирскиот субјект. Комуникативноста на овие песни –






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+