Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 48 | година IX | мај-јуни, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 48мај-јуни, 2006
Звук Осврти

Љубојна со македонска музика за XXI век

/1
стр. 1
Љупчо Јолевски

    Со перформанс во преполниот салон на Културниот центар Мала станица во Скопје, одржан на 29 мај годинава, беше промовиран деби албумот П.С.О на битолската група Љубојна. Ова е второ претставување на снимениот материјал на составот по промоцијата одржана во Битолскиот народен театар, на крајот на октомври минатата година, веднаш по пуштањето на изданието во продажба.
    Од таму, Оливер Јосифовски (бас, семплови), Благојче Трајковски ( кларинет), диџеј Јордан (грамофони) и Вера Милошевска (вокал), како основното јадро околу кое се врти концептот на делувањето на бендот, растоварени од потребата за обично пресвирување на својата музика, се решиле за единствено исправниот потег. Да го искористат архитектонски чистиот и едноставно декорираниот простор на галеријата и во неговата интимност да ја претстават својата музика. Но, не онака како што таа е документирана, туку во нејзината нова еволутивна фаза. Фазата која Љубојна веќе ги открива како состав кој го прави големото свртување кон себе и творештвото го темели не само на сопственото слегување до пребогатиот извор, македонската традиционална музика, туку и длабоко загризува во она што милуваме да го нарекуваме современа звуковност. Македонска музика за овој – XXI век. Со сите нишани. Со звуците на изворните инструменти, на гудачите, кларинетот, но и луповите и применетата електроника. Дури, слободно може да се каже дека новоаранжираните композиции на моменти беа толку далеку од оние познатите, што беше неопходно да се извие прекрасниот глас на Милошевска, за да нè потсети на поводот за перформансот.
    

    Веројатно, притоа некој ќе забележи дека во сето тоа можеше да се препознае и ехото на една Анастасија (особено во моментите кога тие ја креираа звучната слика за Пред дождот на Милчо Манчевски), но зарем тоа и не е убавиот момент во приказната? Надградбата на своето. Следење на стапките од една нова генерација која допрва ќе ги развива сопствените идеи. Впрочем, ако се има на ум дека во реализацијата на перформансот, со сета енергија влегоа и мнозина овдешни врвни автори и инструменталисти како Горан Трајковски (Анастасија и Мизар), Бранислав Николов и Пеце Трајковски (Фолтин), Џијан Емин и Оливие Самујан (обајцата од Пројект Жлуст и Д.Н.О)… тогаш работите си доаѓаат на своето место. Конечно, перформансот – со аудио понудата и визуелизацијата (Филип Јовановски и Горан Цуцко изработиле компјутерска симулација на создавањето на везот што се најде на обвивката на албумот), се издигна над обичноста на една таква презентација и се престори во настан кој ја потврдува Љубојна како еден од силните македонски брендови за глобалната светска музика.
    Видео промотер на П.С.О и Љубојна дефинитивно како група а не состав-проект беше Златко Ориѓански, инаку сораотник на составот на студиските сесии во Пловдив, Бугарија.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+