Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 48 | година IX | мај-јуни, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 48мај-јуни, 2006
Звук Осврти

Мечти и тишини

Интервју: Вера Милошевска – Љубојна


/3
стр. 1
Љупчо Јолевски

Обичното пресвирување на веќе снимена музика, која можеш да ја слушаш кога и како сакаш, нам не ни е доволно привлечна идеја. Со визуелната проекција музиката се дополнува и се издига до едно целосно доживување. Некако ни се чинеше дека нашата музика самата го бара тоа, вели Вера Милошевска, пејачката на Љубојна

    Вера Милошевска (вокал), Оливер Јосифовски (бас, семплови), Петар Христов (кларинет), Бојан Петков (акустична гитара), Најдо Шаќиров (електрични тапани) и диџеј Јордан (грамофони) се музичарите што ја чинат сегашната постава на групата Љубојна. Составот свири микс на акустична, електрична, традиционална и современа музика, а во изминатите три години одржа над педесетина концерти низ светот. Љубојна музицираше во Торонто, Истанбул, Москва, Венеција, Рим, Марсеј, Париз, Њујорк… Зад себе го имаат албумот П.С.О, објавен во октомври минатата година. На овој проект, покрај музиката од театарската претстава на режисерот Љупчо Ѓоргиевски – Парите се отепувачка, поставка на Народниот театар од Битола, која освои грст награди на театарските фестивалите по светот, се најдоа и композициите што членовите на Љубојна ги создаваа во процесот на креација и изведба на делото, а беа снимени во Пловдив, во февруари 2005 година. На студиските сесии како гостин учествуваше и Златко Ориѓански, член на култните македонски групи Лола В. Штајн и Анастасија.
    Составот повторно е исправен пред нови предизвици, а разговорот со Милошевска нуди дел од одговорите на некои од нив.

По пауза од неколку месеци од објавувањето на деби-албумот, Љубојна во понеделникот, 29 мај, во културниот центар Мала станица конечно ја имаше скопската промоција на изданието. Зошто толку долго се чекаше на овој потег?
    – Познато е дека првичната промоција на П.С.О ја имавме на крајот од октомври минатата година во Битолскиот народен театар како матична куќа од која тргна целиот проект – театарската претстава, музиката што ја свиревме во неа. Во ноември, пак, албумот излезе во продажба и можеше да се набави во подоброснабдените музички продавници и во некои од книжарниците во Македонија. Во меѓувреме се случија и некои помали проекти во кои ние правевме музика… Соработувавме и со Рисима Рисимкин на балетот Дневник за нас. Некако како да се чекаше на момент кога ќе се создадат поволни услови за промоција на албумот во Скопје. Долго размислувавме кој простор би бил најпогоден, особено што промоцијата ја замисливме како перформанс со видеопроекција.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+