Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 48 | година IX | мај-јуни, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 48мај-јуни, 2006
Галерија Осврти

Уметност целосно подредена на политичката ангажираност

Кон 59. Кански филмски фестивал 17-28 мај, 2006


/5
стр. 1
Сунчица Уневска

Канското жири

    Педесет и деветтиот Кански филмски фестивал донесе многу политика и историја, многу ангажирани филмови кои жестоко се осврнуваат на фашистичките режими, на тортурата, на војните и на историските неправди. Во тој знак помина целиот фестивал, кој се одржа од 17 до 28 мај, а во тој знак и заврши, па едно од најуметничките жирија досега (Вонг Кар Ваи, Занг Зији, Моника Белучи, Тим Рот, Хелена Бонам Картер, Патрис Леконт, Лукреција Мартел и Елија Сулејман) наградите им ги додели, пред сè, на ангажираните филмови и на филмовите со кауза, која очигледно се претвори и во кауза на жирито. Сепак, а можеби и токму поради тоа, Канскиот фестивал успеа да направи своевиден осврт на рецентната филмска продукција во светот и да покаже што е она што ја преокупира помладата филмска генерација. А тоа, дефинитивно, е реалноста, сето она што се случува околу нив, без оглед дали врзано или неврзано за историското тло и тоа на еден документаристички начин, на начин кој ја претпоставува документарноста пред уметничкиот приод. Со други зборови филмот, впрочем како и секогаш, докажа дека е рефлексија на случувањата околу себе, односно колку што сè е политизирано, исфорсирано и манипулативно, таква е и филмската, па и уметноста, воопшто.
    

Гран-при: Фландријци“ на Бруно Думон

    „Златната палма“ му припадна на Кен Лоуч и на „Ветрот кој го разбранува ехото“, филм кој многу ангажирано се осврнува на бруталноста на британската војска, на британскиот империјализам (алудирајќи на неговото постоење и денес) и на ирската борба за независност, Гран-при доби францускиот „Фландријци“ на Бруно Думон, една вознемирувачка и сурова сторија за војната во која нема страни и за сопствената неприлагоденост, а групната награда за машка улога ја добија актерите од земјите на Магреб, кои играат во филмот „Денови на славата“ на Рашид Бушареб што говори за арапските војници кои се бореле за Франција, а кои се заборавени од историјата. Сите тие филмови се снимени документаристички, многу автентично и силно, при што филмот е ставен во служба на изречената или на бараната вистина, во функција на целта – да се проговори против; против политиката, против неправдата, против режимите во кои се заборавени луѓето. Таков беше и аргентинскиот филм „Приказна за едно бегство“ на Израел Адријан Каетано, кој говори за затворениците во Буенос Аирес во 1977, кои ќе успеат да побегнат и кои ќе бидат први што во 80-тите години ќе сведочат против фашистичкиот режим. Таков беше и филмот на Мексиканецот Гилјермо дел Торо „Пановиот лавиринт“, кој зборува за шпанската фаланга во времето






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+