Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 48 | година IX | мај-јуни, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 48мај-јуни, 2006
Звук Осврти

20 години од дискографската фирма Dixiefrog Records

/5
стр. 1
Васја Ивановски

_______________________________________________________________________

Dixiefrog

    Една од најдобрите независни европски дискографски фирми годинава го одбележува јубилејот на 20 години постоење со серија квалитетни изданија кои несомнено ќе остават впечаток кај сите љубители на музиката кои ја ценат добрата нота, без оглед дали станува збор за блуз, рок, фолк или друго. Philippe Langlois и неговиот тим ја следеа својата визија и љубов кон музиката успевајќи во изминативе години да ги зацврстат позициите на фирмата како една од водечките не само во Европа туку и пошироко.
    

    За самиот почеток ја препорачуваме колекцијата “2006 Roots & New” сместена на двојно ЦД, која нуди многу добар материјал од најновата продукција. Оваа колекција во најдобро светло ја претставува политиката на фирмата, секогаш имајќи го в предвид како приоритет квалитетот на музиката без оглед за кој стил станува збор, сè додека таа нуди задоволство на ушите и срцето. Изворната музика и фолкот се добро репрезентирани со новите снимки на Eric Bibb, Pura Fe, Joe Sun, George Hamilton V и Beverly Jo Scott, додека класичниот блуз е застапен преку музиката на Magic Slim & The Teardrops, Taj Mahal и госпелот на Blind Boys Of Alabama. Има уште доста блуз исполнет од „белите практиканти“, како Duke Robillard, Ronnie Earl, Monster Mike Welch, Leon Redbone и Bill Perry. Љубителите на блузот со „рок запршка“ ќе дојдат на свое со музиката на The Dusters, Cyril Lance, Van Wilks и Gwyn Ashton, кои ќе ги задоволат сите вљубеници во овој жанр. Современите блуз звуци, базирани на традиција, но претставени во контекст на нови идеи и решенија се вредни за проверка во композициите на Sol, Nublues, Popa Chubby, Jesus Volt, Tom Principato и Gashouse Dave. Интернационалниот карактер на музиката што ја презентира и нуди оваа дискографска фирма, покрај САД, е застапен со имиња од други земји: Patrick Verbeke, Nico Wayne Toussaint (Франција), Rob Tognoni и Gwyn Ashton (Австралија), Amar Sundy (Алжир) и Bill Wyman’s Rhythm Kings (Велика Британија). “2006 Roots & New” е добар почеток за откривање на квалитетната музика на Dixiefrog Records!
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+