Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Галерија Осврти

Срамежлива еротика

Кон проучувањето на љубовното и еротското во современата македонска уметност


/13
стр. 1
Владимир Величковски

Многу ликовни уметници се занимавале со претставување на еротски мотиви во своите дела. Во нивното создавање пресудни биле чисто субјективните критериуми, личните преферанси и виталноста, но секако и социјалните конвенции. Дваесеттиот век понуди различни приоди кон еротизмот, мноштво варијации кои се непосредно условени и коинцидираат со уметниковиот сензибилитет, сознание и стилско определување. Интимниот карактер на овој вид дела го условил нивниот мал или скромен формат, како и стремежот да останат во приватни колекции. Проучувачите утврдиле широк дијапазон на ликовни претставувања: од маничните опсесии на Х. Белмер и флоралните сублимации на Џорџија О’Киф, до надреалните слики на А. Масен или оргијастичкото дело на Х. Нич.
    

    Еротските теми во модерната и современа македонска уметност се дел од нејзиниот развиток и ги следи процесите на творечкото ослободување и сообразување со светските тенденции. Специфичноста на тематиката создала дополнителни ограничувања, во контекст на општиот развиток на современата македонска уметност, вклучувајќи ги и социјалните и психолошките мотиви, процесите на индивидуализацијата. Оттука манифестирањето на љубовните и еротски мотиви добило разновидни форми и одделни специфичности на ликовниот израз.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+