Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Галерија Осврти

Наместо будење - збогум!!!

околу филмот „Збогум на XX век“ на Александар Поповски и Дарко Митревски, алиас…


/5
стр. 1
Петар Волнаровски

1. Пред филмот:

Пред филмот, по разните весници и списанија, разни наслови од типот:
    „Време е да го разбудиме Надмакедонецот во нас“, потоа „Филмот не е скап, туку скапоцен“, и така натаму, сè во тој стил… во еден од тие текстови, авторите на овој филм изјавуваат (цитат): „… од пишаното не се бега … “ Јас овде би додал: … и од снименото, исто така.

2. По филмот:

По филмот, по разните весници и списанија – нешто сосем друго.
    Но, текстов нема ама баш никаква намера да продолжи на овој начин; затоа, да го спомнам она што мислам дека е најбитно во врска со филмот за кој што станува збор…
    Без и најмала претенциозност за толкување ова дело од каков било аспект, овде сосем накратко ќе се задржам на еден мал број факти, и на еден мал број мои лични забелешки.

Да почнеме со фактите:

1. Околу глобалниот впечаток за филмот: на Јавното Мнение и Публиката (мноштвото), филмот не му се допадна. Оние кои тоа мислење јавно го изнесуваат, забораваат да се запрашаат околу еден друг битен факт: Дали намерата на авторите, всушност, беше тоа – филмот да е допадлив. Нивните изјави пред јавноста, како и главната порака (или поента) на филмот – „… иднината е еднакво заебана како и минатото…“, во никој случај не даваат повод за мислење дека тие имале намера филмот да биде допадлив;

2. Околу истото, можеби е нешто подискутабилно прашањето за „будењето на Надмакедонецот во нас“;

3. Околу толку потенцираната цитатност на овој филм: Јавното Мнение и Публиката (мноштвото), едвам го препознаваат, а уште помалку тоа им значи нешто. Оние кои тоа мислење јавно го изнесуваат, со право тврдат дека повеќето цитати, без вистински контекст во филмот, не функционираат. Сето тоа во филмот личи на една изнасилена и сосем грешно апсорбирана претстава за она што е постмодерна поетика. Повторно ќе се запрашаме околу фактот дали и тоа била намера на авторите;

4. Околу приказната: или – приказните? Или: зачетоците на приказните? Или, сепак, околу обидите за приказни? Да ги оставиме веќе намира Јавното Мнение и Публиката (мноштвото). Да не рече некој – дека некој се крие зад тоа. Туку, во филмот има една рамковна приказна; дури е и интересно како во тој хаос од расфрлани цитати, горчлив цинизам, нихилистички пораки и слично, на крајот од филмот доста силно нè изненадува начинот на кој што филмот е затворен во еден круг – назадечки, но доста ефективно… Она што како факт треба да нè заинтригира, е: зошто таа






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+