Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 49 | година IX | јули-август, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 49јули-август, 2006
Проза

Кога брат ми беше ТВ канал

/2
стр. 1
Џејмс Реј Мусгрејв

    Мојот брат, Лони, кој подоцна умре од алкохолизам, работејќи како шанкер во Сан Франциско. Сепак, еднаш, кога бев во средно школо, можев да го посетам во едно посреќно време од неговиот живот. Тоа беше време во кое тој го минуваше својот кус студентски живот на универзитетот во Сан Диего, а живееше со уште петмина други момци близу до предавателот на ТВ39, на Монтезума Роуд.
    Местото беше мал бунгалов со две спални соби и една бања, а беше затрупано со лименки пиво, шишиња, кутии од пица, книги, и други тракатанци кои го отсликуваат беќарскиот студентски живот. Сепак, она што местото го правеше фасцинантно беше близината на огромниот телевизиски предавател. ТВ станицата 39 беше единствениот канал кој можеше да се фати со антената налик на зајачки уши, на големиот телевизор кој го имаа во дневната соба. Веднаш крај нив, зад едно џиновски, неподложен на електромагнетизам еукалиптус, стоеше великиот предавател, стрчејќи во небото како џиновски стап за коктели. Неговата метална и гаргантуанска рамка потреперуваше на вечерното небо, а куќата всушност брмчеше од зрачењето. Нормално, единствената станица која момците ја гледаа беше 39 – наутро, напладне и навечер.
    Додека гледав како сонцето заоѓа, се чудев како овие луѓе воопшто можат да учат. Немаше ниедна ламба во целата куќа! Одеднаш, Лони излезе од задната соба со заграб кој личеше на фосфорни светилки. Ги постави низ собата, како средновековни свеќи, исто онака како кога беше задолжен за олтарот во Св. Јован. Потоа седна во средината на собата и се постави во положба на лотус. „Дојди овде да ти покажам нешто ептен шизички“, ми рече, и јас му пријдов, седнав на подот и ги зедов двете негови испружени раце.
    „Јас сум ТВ канал“, рече Лони, и кога му ги допрев дланките, собата почна да се осветлува, како во внатрешноста на нововековна катедрала. „Не ни треба струја. Повеќе пари за пиво!“ рече Лони, а неговата долга коса се заниша додека се смееше.
    Додека ги држев дланките на брат ми, радоста на неговото пренасочување зрачеше во мене за прв и последен пат во нашите животи. Сликите за тоа како ме измачува со мноштвото негови „практични шеги“ ми блеснаа пред очите како цртан филм, и можев да им се насмеам. Можев да го видам Лони како натега шишенце виски кое мајка го чуваше во нејзиниот „шкотски ќош“ во нашата куќа на островот Коронадо, и неговите сини очи кои станаа тажни при разводот на нашите родители кога тој имаше петнаесет а јас десет години. Нашата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+