Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 49 | година IX | јули-август, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 49јули-август, 2006
Есеи

Есеј за создавањето и уништувањето

– прилог наместо епилог –


/9
стр. 1
Ангелина Бановиќ-Марковска

    Ако не постоеја почетоците и краевите, не ќе постоеја ни приказните, велеше Европејката Вирџинија Вулф, но за Балканецот Емил Сјоран[1] оваа игра – на почеток и крај – не познава граници, зашто „секоја наша идеја повторно го создава светот, а секоја наша мисла го уништува. Во секојдневниот живот наизменично дејствуваат космогонијата и апокалипсата… Освен создавањето и уништувањето на светот, сите обиди се подеднакво безвредни“ (Сјоран; 1996: 97). Безвредни… како тивка и безначајна приказна, како фикција за раѓањето и факт за уништувањето, како настојувањето да се проследи до крај развојот на една идеја, преку митовите и симболите, преку сториите за моќта и историите за немоќта, преку личните спомени и туѓите трауми, преку наивната потреба за (од)ново создавање на светот…
    Но, да тргнеме со ред. Сè почнува од митот за Европа.

Создавањето на Континентот, откривање на Залезот

    Моќната книга на Дени де Ружмон, „Дваесет и осум векови на Европа“, ја содржи протоисторијата за контиенентот кој пред да стане номен, бил азијска божица, една од трите илјади Океаниди („моми светици“ чиј култ господарел на Блискиот Исток). Протоисторијата на Европа е протоисторија на еден „контиенент без име – вели Дени де Ружмон – населуван полека, цивилизиран и оживеан од луѓе, замисли и занаети, дојдени од крајбрежјето на Блискиот Исток“ (Ружмон; 1997: 12). Според историчарот Гонзаг де Рејнолдс, Европа ни дошла од Азија, „мајката на сите големи вери, родителката на сите големи преданија“, во која сè било едно и различично истовремено. Потврда на оваа констатација наоѓаме во лирското толкување на древниот мит за создавањето на континентот, кое му се припишува на Мосхос, сицилијански поет од Сиракуза кој живеел во 2 век п.н.е. Во него се вели дека престорен во бик, синот Хроносов, Зевс, ја соблазнил лаковерната девица Европа. Таа му ги подарила своите бели пазуви и станала мајка на неговите потомци.
    Но, на ова митско грабнување му претходела една алегорија. Содржана во сонот на митска Европа, алегоријата ни открива дека за убавата божица спор воделе две земји, земјата Азија (која тврдела дека таа ја родила) и земјата отспротива која сè уште немала име, но верувала дека божествената девица Европа е нејзина, според волјата на Зевс. Симболиката на овој сон ги сублимира вистинските значења на древните преданија – мислам на толкувањата за сеопштото движење кое ги донело, од Исток на Запад, основите на една вероисповед и цивилизација – а тие укажуваат дека трагајќи по Западната земја која Феникијците ја нарекле Ереба или Земјата на залезот, „Хелените го создале преданието за

_____________________________________

1. Европска (пер)верзија на балканскиот оригинал Чоран.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+