Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Звук Осврти

Интервју со Ристо Вртев

/9
стр. 1
Игор Исаковски

Некаде во првата половина на 1998, гости на Игор Исаковски во радијската емисија „The Blues Brothers“ беа Ристо Вртев и Горазд Чаповски. Текстот пред вас е првиот дел од тоа заедничко интервју, кое што е преуредено за потребите на БЛЕСОК Звук.

звучни записи

„Години на љубов ил’ смрт“

И.И.: „Години на љубов ил’ смрт“, стихови од насловната нумера од најновиот албум на Архангел „Heartcore“. Ристо, мора ли работите секогаш да бидат спротивставени на овој начин?

Ристо Вртев

Р.В.: Не мора, тоа е…Знаеш, меѓу тие две работи постојат милион компромиси, и животот што го живееме обично нè принудува на компромиси. Меѓутоа, во крајна инстанца, човек е секогаш горд кога ќе ги дотера работите до крај. Барем сум јас таков човек, и затоа размислувам за крајни инстанци. Затоа што љубов, зборувам за љубов како општа категорија, тоа е за мене конструктивно, а смртта деструктивна работа, ако ја принудуваш да дојде. Смрт на било што, политички систем итн. Кога ќе срушиш добар политички систем, тоа е смрт. Ајде да ги замислиме овие што отпаднаа во транзицијата, да ги замислиме оние во Босна кои на 60-70 г. Останаа без имотот кој го стекнувале цел живот, имаат ли тие време за уште еден живот? Во тој смисол. Во таа смрт припаѓа и ова, не мора толку општо и филозофски воопшто животот да го сфаќаме.

И.И.: Во контекстот на љубовта, на смртта, на уривањето, на создавањето на некои нови вредности и потврдувањето на старите. „Нова библија, нова вера“, како би ја искоментирал оваа песна?

Р.В.: Оваа песна по форма е направена за она што сум го ценел, значи се потпира врз еден rock’n’roll, балканска провенциенција, хармониската прогресија му е таква, и зборува за еден комунист кој се транзицира, практично се пресликал од таква судбина и гледајќи со тие очи го доведов тој прелом. Место срце имав ѕвезда, немав Исус, Алах, знаеш како беше порано, и сега сето тоа исчезна и се наоѓаш на ветрометина каде е срушено сето она кое што ти било некоја потпора, психичка, морална, не-знам-каква. Во животот се наоѓаш на еден чист терен каде што е сè тоа срушено, кралот е голем, и единствена вредност, (а дали е вредност?), стануваат парите.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+