Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 49 | година IX | јули-август, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 49јули-август, 2006
Звук Осврти

Блуз и соул фестивал 2006

/3
стр. 1
Васја Ивановски

    Љубителите на блузот од Македонија имаа убава можност да уживаат во десеттото, јубилејно издание на познатиот фестивал кој се одржа во Скопје на 3 и 6 јули. Учесниците од САД, Велика Британија, Франција и Србија се претставија со инспирирани изведби кои го потврдија нивниот статус на современата светска блуз сцена. Организаторот овој пат се реши да ги искористи просторните можности што ги дава Куршумли ан и тоа се покажа како вистински погодок. Сцената, светлото и тонот беа првокласни што го потврдија и учесниците и публиката.
    

    Првата вечер беше во немилост на времето, но за среќа дождот, кој паѓаше цел ден, престана половина час пред почетокот, што сепак се одрази на присуството на публиката; но, тие што решија да дојдат (вистинските љубители на блузот), нема да ја заборават првата вечер од фестивалот поради прекрасниот блуз што се презентираше на извонредниот простор во Куршумли ан.
    

    „Поинт Бленк“ од Србија, еден од најстарите блуз состави во некогашната Југославија (и еден од најдобрите, би додал), го отворија фестивалот со својот вообичаен сет во кој беа застапени и неколку теми од новиот албум. Овој состав е еден од „одбраните“ што ги посадија корените на блузот во овој дел од Европа. „Поинт Бленк“ свири исклучиво сопствен материјал?!) што ги одвојува од повеќето останати состави кои главно се „репродуктивци“ во блузот. Бројните настапи во изминатите години и стекнатото искуството се покажаа во вистинска светлина со првите тактови на нивната музика. Цврстата ритам секција беше идеално тркало за нивниот лидер, гитарист Драгољуб Црнчевиќ, кој свиреше со авторитет на прекален блузер, водејќи го составот низ енергичен сет кој беше одлично прифатен од публиката. Фестивалот беше и можност составот да го промовира својот ДВД кој заслужува внимание, покрај одличниот снимен настап. Имено, тој е снимен во српскиот државен затвор Сремска Митровица, пред соодветна публика! Колку што ми е познато, никој во Европа досега не направил такво нешто, што е вообичаено во САД (Б.Б.Кинг, Џон Ли Хукер, Џони Кеш, Литл Милтон…). „Поинт Бленк“ навистина знаат да свират и да го претстават својот блуз пред публиката, така што и Скопје не беше исклучок.
    

    Нивниот енергичен настап и презентација на оригинален блуз со вмешани рок елементи беше идеална најава за ѕвездата на вечерта, Џими Д. Лејн и неговиот состав „Блу Ерт“, бездруго најголемото име на годинашното издание на фестивалот, едно од водечките имиња на современата светска блуз сцена. Неговиот татко Џими Роџерс свиреше гитара во составот на легендарниот Мади Вотерс. Сите големи имиња на Чикаго блузот






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+