Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 49 | година IX | јули-август, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 49јули-август, 2006
Звук Осврти

Лудиот Јапонец во земјата на искршени ритми

Дамо Сузуки во Македонија


/2
стр. 1
Љупчо Јолевски

Опкружен од дваесетина македонски музичари на два високооктански сета, едниот во културниот центар Мала станица и другиот во студиото Жлуст, некогашниот пејач на прогресивните Германци Кен и денешен белосветски патник, со леснотија докажа дека многу одамна легендарниот статус го трампил за со ништо неусловената слобода

    Минатонеделните настапи на Дамо Сузуки, некогашниот пејач на родоначалниците на краутрокот – прогресивните Германци Кен, во Скопје македонските медиуми речиси ги премолчеа. Што од незнаење, а што од пустата потреба да го маргинализираат сето она што не доаѓа од таборот на некој од овдешниве естрадни мафтачи. Нејсе, рака на срце, барем навидум, Јапонецот одамна е излезен од легендата за големиот бенд чија музика светот допрва ќе ја открива, а згора на тоа и самиот е во филмот на маргиналец, кој без покрив над главата преживува од милоста на оние што ќе се најдат парчосани од неговата енергија и импровизации. Но, тоа, пак, ни малку не подразбира дека Сузуки се откажал од сопственото јас. Тој денес фанатично живее за сопствените музички визии и потребата за комуникација со врутокот на енергии на музичарите од најразличните поднебја. Особено со оние што првпат ќе ја имаат шансата да го изградат звучниот ѕид зад него и да уживаат во чинот на таквата со ништо неусловена комуникација. Да ѝ се веселат на средбата и да излезат побогати за едно незаборавно искуство.
    И, не само тие туку и свидетелите на суровиот процес на творење нова современа звучност. Музика што се случува само сега и никогаш повеќе.
    Ете, како таков, со дисаѓите полни потреба за изгорување, тивок додека не потече брзакот од засилувачите, Дамо Сузуки стаса и во Македонија. Дојде да го задоволи гладот за нови познанства, да ја продолжи неговата долгогодишна мисија по балканските држави, да почине и да ги згрее старите коски пред да му ја здувне за Австралија. И, во двата дена, во предвечерието на Offest, не само што ги анимира овдешниве музичари што држат до сопствените потреби да излегуваат од кожата туку и ги натера несебично да изгорат во експериментот.
    

    Во културниот центар Мала станица, цели три часа без престан, зад неговата поднаведната сенка се менуваа Д-р Маслин (Оливер Јосифоски), Владан Дробицки, Гоце Наумов, Владош Рибски, Златко Трајковски-Хинки, One of us, White noise in a White Room… Се менуваа динамиката и атмосферата на испорачаните делови. Најпрво разулавен деформиран фанк, потем импровизирана музика, па дисторзии и бучава, која како навидум непремостлив ѕид се изѕидува за да биде урната во просторот, лимени тапани, хармоника што






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+