Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Проза

Куќата на палмите

– извадок од романот –


/6
стр. 1
Тарек Елтаеб

1

[…]

    Следниот ден повторно отидов во калвата[1]. По часовите, Шеик Ел-Факи ни нареди да пиеме вода од кофата, од светата вода за да се ослободиме од божјите сури. Јас бев единствениот кој одби да го стори тоа. Тој повторно ме тепаше по главата и телото со својот стап. Изгледаше како да се плаши дека моето противење може да предизвика бунт кај другите деца. Тие стоеја неколку мига неподвижно, а потоа почнаа да пијат, додека тој со сета сила ме тепаше. И покрај тоа, не се напив од светата вода.
    И Шеик Ел-Факи за ова одново го извести татко ми за време на својата вечерна обиколка на селото, при што водеше сметка татковците да ги казнат своите деца пред овие да заспијат Татко ми скокна и на нему својствениот театрален начин почна да ме кара: „Ти никаквецу, тапоглавецу! Не си се напил од светата вода? Ах господи, тој е син на ѓаволот!“
    Тогаш се слушна гласот на мајка ми кој доаѓаше од куќата: „Божјите зборови не се во кофата, Шеик Ел-Факи. Божјите зборови се во книгите и во главите. Треба да останат во главата, а не во стомакот.“ Татко ми одговори тивко согласувајќи се со Шеикот: „Женски брборења. Ним им недостасува разум и религија.“
    Се радував на поддршката на мајка ми. Оттогаш тој секогаш им наредуваше на другите деца да пијат откако мене ќе ме задолжеше за нешто и ќе ме испратеше некаде или кога ми беше свртен со грб. Само Илиас Вад Фарах побрза да му каже на нашиот „господар“ дека Хамза не се напил од светата вода. Шеик Ел-Факи ме проколнуваше: „Господ да го казни Хамза и неговиот ѓавол, господ да го казни овој глупав левучар кој на голема врата ќе влезе во пеколот!“
    Тогаш го истепа Илиас со својот стап. Кутриот, оттогаш никогаш повеќе не ме предаде. И покрај тоа, јас го заштитував Илиас од тупаниците на мојот најдобар другар Утмаан Дараб Сидру кој го дебнеше навечер за да му се одмазди поради мене, а и затоа што Илиас секогаш беше на страната на нашиот „господар“ и нас нè кодошеше иако беше слаб по учење наизуст и пишување.
    Утмаан Дараб Сидру беше така именуван поради својата храброст. Неговата мајка раскажуваше дека кога ќе се налутел, силно се удирал по градите како горило. Кога порасна го правеше истото кога сакаше да се бори со некого. Сите ние се плашевме од него, но тој ми стана другар. Честопати гледав како татко му жестоко го тепа, како

_____________________________________

1. Khalwa (ар.) – одделна просторија, колиба, шатор. Во Судан тоа претставува училиште кадешто се учи Куранот и кое го посетуваат деца кои навршиле три години. Најчесто се работи за едноставна барака или е на отворено, под настрешница.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+