Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Критика

Очи ширум отворени: смешкајќи се со солза во окото

– поговор кон „Куќа од јазик“, Блесок, 2006 –


/3
стр. 1
Игор Исаковски

    Откако ги прочитавте песните од најновите четири книги поезија на Јосип Ости, сакам да го замислите онака како што јас го замислувам кога не го гледам: светски поет кој живее и како пустиник и како бонвиван. Автор кој е подготвен да пишува до последната капка мастило, да продолжи со сопствената крв и никако да не застане ако мисли дека има нешто недоречено. Веселник кој ја цени секоја капка вино, особено ако е теран, виното на неговата нова татковина. Бездомен поет кому само поетите му се браќа и кој домот свој со себе го носи, макар тоа бил и само клуч од некој некогашен дом. Нездомен поет кој си направи нова куќа во родното место на еден од неговите најдраги браќа, Сречко Косовел. Поет со копнеж по светлината кој не помисли да молчи додека врз родното му Сараево паѓаа гранати и ги палеа библиотеките. Јосип на сите можни начини се бореше против ѕверствата во Сараево, и кога не беше во него. Тогаш, ми се чини, и повеќе. Со поголем жар и со несопирлива горливост. На огнот на крвниците му одговори со силниот оган на својата поетска реч, бескомпромисно и беспоштедно. Со истиот елан си изгради нова куќа од јазик, која го здомува не само во Томај, не само на Крас, туку насекаде каде што е преведен и насекаде каде што допрва ќе му ги преведуваат стиховите.
    Откако ја преведов и објавив „Барбара и варварот“, беше некако логично да се појави на македонски и овој избор од поезијата на Јосип Ости. Насловот „Куќа од јазик“ дојде сосем природно, иако размислував и за неколку други. Сепак, свеста за загубата на домот и минатото кое во тој дом останало, од една, и градењето на куќа „од неартикулирани гласови“, која е (ќе биде) „црква и бордел истовремено“ (>>53*), со храброст која се граничи со лудило (а која храброст е мудра?) и со помиреност пред великото (што е најголем показ на мудрост), од друга страна, го прават Јосипа онаков каков што е. И, соодветно на тоа, и неговата поезија – онаква каква што е. „Не сум ни светец ни грешник“ кажува во една од своите песни, и во право е. Но, не потполно. Овој поет е и светец и грешник едновремено: Витмановски се сплотува со природата, седнат на камените скали од својата куќа изјавува дека вратата на неговиот дом е секогаш отворена, а во истата куќа, на работната маса, каде што како пред олтар се исповеда пред






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+