Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Есеи

Од месија до наплатувач на долгови

– За Стариот е пак пијан, извадок од есејот кон романот –


/3
стр. 1
Митја Чандер

    Ликот на неразбраниот гениј, подложен на понижување и проколнат на самотен живот, со генерации наназад ги опседнува словенечките писатели. Оваа визија за состојбата во која се наоѓа авторот се чини дека е она кое писателите го сметаат за реалност на нивната општествена положба и лична определба. Тоа е пејзаж кој сакаат да го истражуваат, да ги испитуваат неговите граници и можеби да најдат автентични одредишни точки. Оттука и кихотовскиот општествен ангажман, еротската разулавеност, предизвикувачката потреба вербално да се естетизира која било случка, натпреварите во опивање и сите други нешта кои ги прават писателите во улога на словенечки книжевни херои, зад чии грбови ѕиркаат нивните живи создатели. Но, без оглед на тоа колку е надмината рамката на митот, индивидуализмот продлабочен, испадот изнасилен, нивните приказни сепак остануваат затемнети, божем сликани на зајдисонце, а нивните протагонисти тажно пропаѓаат дури и кога се издигнуваат како морални херои – а ова воопшто не е неважно. Архетипската слика за писателот умешен во употребата на националната митологија се умножува во често необични варијанти, обединети во трагедијата на менталниот испад; ова се елементите кои добро се вклопуваат во очекувањата на нацијата. Во овој миг, испадот станува жртвување на авторот за доброто на заедницата, неговата или нејзината егзистенцијална и креативна отстапка станува ритуал на принесување жртва. Од писателот-како-лик во словенечката книжевност зрачи сјајот на крајот во маки, една екстатична фиксација на ништожноста на крајот на хоризонтот. Мислата за крајот, за самотната смрт, има посебна патина која го искажува значењето кое ѝ се придава на книжевноста во словенечката традиција, каде се смета за цвет на јазикот, попрестижна дури и од сонуваната дежела.
    Но, сонот за словенечката држава веќе е остварен, па се претпоставува дека на нацијата веќе не ѝ требаат пожртвувани жртви кои го веат платното на заедницата заснована исклучиво на јазикот, така да се каже, на симболичко ниво. Државата ја намали сликата на писателот, одземајќи ѝ дел од историската големина, а истовремено престана да го наведува авторот да има улога во оваа долготрајна игра. Но, ако националната патина е одделена од ликот на авторот (чест во пред-сецесионистичката книжевност), сè уште постои внатрешниот костур, силно битие, секогаш прогонувано, секогаш во жестока борба за опстанок. Силината обично се поврзува со тешкотиите, понекогаш и со невозможноста, а ова се околности во кои историски се развивала словенечката традиција. Сепак, се чини дека постои нешто многу попродлабочено во креативните проекции на писателските судбини. Некој вид мазохизам, сопоставување на судбините, постојано задоволување со идната слава на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+