Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Звук Осврти

Боб Дилан – Модерни времиња (Modern Times)

/4
стр. 1
Џои Леви

    Новиот албум на Дилан започнува со гласот на Господ во планините и звукот на пиштоли на улиците. Се случуваат лоши нешта, а дамите вашингтонски прекутрупа бегаат од градот. Дилан мисли и на вистински жени – на Алиша Кејс, која е четириесет години помлада од него а сепак вреди да се бара низ Тенеси, но и на добри жени кои прават како што ќе кажеш, и на злобни жени кои ти го пијат срцето и умот. Војната и љубовта се насекаде. Време е да се приклони кон Бога, можеби да отиде на север и да се обиде како земјоделец. Но вилата е на полицата. Чеканот е на масата. А, како што звучат работите, чеканот паѓа.
    Ова е „Бура на планината“ (Thunder on the Mountain), првата песна од Модерни времиња, триесет и првиот студиски албум на Дилан, и негово трето во низа ремек-дело. Модерни времиња е снимен во Њу Јорк за нешто повеќе од еден месец со Дилановиот концертен бенд, кој има дури 113 настапи на Бесконечната турнеја. Песните се речиси еднакво поделени помеѓу блуз стандарди, старински двочекори и прекрасни маршови полни пророштво. Бендот, прекален низ постојаните настапи во кои спонтано реагира на преобмислувањата на Дилан (нешто што неговите концерти ги става во редот на најдолготрајните чуда во рокенролот), го следи својот водач низ рокабили, чикашка улична музика, каубојски свинг или le jazz hot. Според звукот и чувството, Модерни времиња потсетува на она што некои бендови – Мади Вотерсовите Блузмени или Дрифтинг Каубојс на Хенк Вилијамс – набрзина го снимале помеѓу настапите, мешавина на оригинални измислици и варијации на познати теми, допрени од генијот на водачот. Речиси секоја песна го обновува американското патување од полето кон градот, кога луѓето правеле простор за модерните времиња. Расположбата е онаа на Америка на врвот – на механизирањето, на војната, на домашна опуштеност, на исполнети ветувања и на продажба на сништа: еден по еден, за кеш.
    Откако одамна побара дозвола да заборави на денешницата до утре, Дилан изјави дека времето ништо не му значи. Во изминатите десет години прави музика која го покажува токму тоа. Нема претходник во рокенролот за територијата која Дилан сега ја отвора со албуми кои стојат рамо до рамо со остварувањата од неговата бурна младост. Љубов и кражба (Love and Theft), снимен кога наполни шеесет години, беше неговиот најсиров гитарски рок од Бледо врз бледо (Blonde on Blonde) во 1966, комбинација на моџо кое го работеше Мади Вотерс на дваесет и шест годишна возраст






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+