Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Галерија Осврти

Оддалечување заради блискост

– кон фотографиите на Иван Блажев „Македонија сонувајќи“ –


/2
стр. 1
Никола Маџиров

    Фотографирањето е повеќе миг на доближување, отколку доближување на мигот. Растојанието помеѓу објективот и објектот, го води фотографот во полето на објективноста на преземената слика од организираниот живот според законите на извесноста. Љубовта кон судбината (amor fati) на луѓето што стануваат дел од контролираниот фото-пејзаж на минливоста, ја одредува нивната природност и емоционална релјефност. Нивните чисти лица и придвижени тела кон статичноста на небесната, водената и земјена длабочина ги исцртуваат координатите на просторната и традиционалистичка припадност.
    

    Кога во дланките ги држиме музејските фотографии со историско-документаристичка вредност, речиси секогаш имаме чувство дека најважното сме го покриле со прстот. Ја бараме точката на континуитетот и дисконтинуитетот, заборавајќи на интимистичката традиција на личностите и предметите врамени во композицијата. Фотографијата на Иван Блажев ги отвора прашањата на динамиката / повторливоста на денот преку разградување на системот на рационални нужности и социјални контексти. Неговото око ги реставрира интимните митолошки наслаги врз ѕидот на историските прераскажувања. Она што ја разделува интимната приказна од историската е – тишината – и тивкоста на нејзината важност. Таквата тишина не може да се изрази во бои како гласовите, таа е невидлива и неделива од сликата уште во самата утроба на камерата.
    

    Исчистената фотографија од темните социо-идеолошки комори е ослободена од секакви нужности и предвидувања. Во неа нема едноставна транспозиција на амбиентот, не постојат претпоставки за продолжени простори и движења, за крадења состојби од стварноста… Не постојат трансцендентални сеприсутности, ниту нагони за поинаквост или за чувствени револуционерности и искршени прераскажувања. Секое сеќавање е непотполно и само заради тоа е сеќавање. Фотографијата е с(р)еќавање со тенденција за потполност и реорганизација, подредување и вообразување фрагменти што би ја означиле присутноста на иницијалното повторување.
    






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+