Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Звук Осврти

Том Пети – Сопатник (Highway Companion)

/1
стр. 1
Ноел Мјуреј

    Музичката кариера на Том Пети е постојан куриозитет, бидејќи иако е несомнено способен да сними класичен албум, ретко тоа го прави. Некако останува во моделот на „синглови и пополнувачи“, ретко објавувајќи нешто како Damn The Torpedoes, Full Moon Fever, или Wildflowers. Неговиот најнов албум, Highway Companion, не влегува во врвните три, но секако е четвртиот најдобар албум кој го има снимено. Како и Full Moon Fever и Wildflowers, ова е соло албум, со ретки настапи на неговиот бенд The Heartbreakers. Се чини дека излегувањето од форматот на рок бендот го ослободува Пети, допуштајќи му да создава песни кои стилски се еклектични но обединети според расположението.
    На Highway Companion, ова расположение е сонливо и неподвижно – како долги патишта кои исчезнуваат под забревтаните тркала. Работејќи со продуцентот Џеф Лин за првпат после повеќе од десет години, Пети генерира заграб мазни и блескаво-Линовски мелодии, како “Flirting With Time” и “Big Weekend”. (Дури и воведната “Saving Grace” е набиена со мали поп експлозии.) Но, албумот се потпира и на нежни балади од типот на “Square One”, чудни поигрувања со корените (“Jack” и “Turn This Car Around”) и течни песни како “Night Driver” и “The Golden Rose”. Highway Companion е искапен во светлата на фаровите, и поседува мелодизам кој потсетува на тивко потпевнување. Ова е проширен поздрав на тепање време, кажување приказни, раскажување шеги, пеење со радио. Тешко дека би се нашол подобар наслов за албумов.

Објавено на A.V. Club, 26 јули, 2006

звучни записи

Превод од англиски: Игор Исаковски






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+