Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Поезија

Куќа од јазик

превод: Игор Исаковски
од истоимениот избор поезија


/7
стр. 1
Јосип Ости

Одново градам куќа
Јас други браќа освен поетите немам
Останав ли без јазик
Нè делат ли мртвите од живите
Истите песни, некогаш, ги читавме
Песната беше, и остана, твојот единствен дом, Марина Цветаева
Книги – ангели, домашни божества

_______________________________________________________________________

Одново градам куќа

Одново градам куќа. Од неартикулирани гласови.
Од синџири на гасеници. Китки коприва во цут…
Од исечени нокти, острижана коса, исушена
сперма, претворена во бел прав. Од крик во сонот
од кој никогаш нема да се разбудам. Ја градам врз
подивен тревник врз кој лежела гола
жена со златен облак во окото и заграб божури
врз дојката. Мајка на сите мајки и љубовница на сите
љубовници. Обрасната во бршлен. Со мравјалник под
секоја мишка. Со џбун трева на срамното место.
И буба-мара врз страк кој го ниша невидлив ветер
и студот на поетовото доба. По која врне кравја
мочка и се меша со крупните капки топло млеко.
Со мирис на јасмин кој ѝ доаѓа од згаснатото
сеќавање и ѝ го поместува праменот од челото. Градам куќа.
Црква и бордел истовремено. Куќа која со своето
вселување ќе ја направам уште попразна и потажна отколку
што била пред помислата за ќоше во кое треба
да се заврши песната, како што се завршува животот, кој
истекува од, со ’рѓосан брич, пресечените вени.
Ќоше во кое, безболно, ќе ја родам својата мајка,
како што таа ме родила мене. И до смртта, за која
глас сè уште не стигнал до мене, чувала во платнената
чанта, на дното на орманот од ореовина, кожинка од
папочната врпца и витка од мојата некогашна руса коса.
Одново градам куќа. Од ништо. И за никого.
Куќа од јазик.


Ова е извадок од:
еКнига
Печатена книга




Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+