Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Звук Осврти

Васил Атанасов, обоа

/1
стр. 1
Македонски репродуктивни уметници

Овој значаен македонски репродуктивен уметник е роден во Струмица, 1957 година. Музичкото образование го започнува во Штип, а Факултет за музичка уметност завршува во Скопје, каде што и магистрира на обоа. Атанасов е уметник кој честопати е прогласуван за музичар со префинета музикалност и интерпретаторска техника. Добитник е на повеќе награди меѓу кои ги издвојуваме:
    „Специјална диплома“ за учество во финалето на Меѓународниот натпревар на Музичка Младина за обоисти во Белград, СРЈ, 1980 година.
    Награда „Млад борец“ за најуспешно годишно остварување на полето на културно – уметничката продукција, за изведба на Концертот за обоа и оркестар од Р. Штраус, 1984 година.
    Диплома (1979 г.) и две награди (1983 и 1989 г.) на натпреварите на Музичките уметници во Загреб, Р. Хрватска.
    Награда „Златна лира“ на Здружението на музичките уметници на Македонија, за „врвни уметнички дострели во 1989 година“.
    Награда „13 Ноември“, општествено признание на град Скопје, за постигнати особени остварувања во музичката репродуктивен уметност за 1991 година.
    Од 1980 г. Атанасов е солист, прв обоист на Македонската Филхармонија. Член е на Скопскиот дувачки квинтет, професор по обоа во Музичко – балетскиот училиштен центар „Илија Николовски – Луј“, а за доцент по камерна музика на Факултетот за музичка уметност во Скопје е избран 1988 г.
    Концертирал во Шведска, Чешка, Словачка, Италија, Франција, Романија, Бугарија, поранешна Југославија, Виетнам, Грција, Р. Кореја… Атанасов реализирал голем број концерти како солист со Македонската Филхармонија, Белградската Филхармонија, Камерниот оркестар на Македонското радио и телевизија, Камерниот оркестар на Загребските солисти, Македонскиот камерен оркестар, Цирих трио од Швајцарија, Камерниот оркестар на Државниот конзерваториум во Ханој, Квартет Гајдов, Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија, Камерата Романика…
    Во Македонија настапувал на најзначајните музички манифестации, како Охридско Лето, Скопско лето и Деновите на македонската музика, а исто така и меѓународните фестивали во Крајова, Пловдив, Љубљана, Херцег Нови, Сеул итн.
    Прекрасниот звук на неговата обоа е забележан како траен запис на повеќе радио и телевизиски станици, а деновиве излезе и неговиот трет CD.

звучен запис






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+