Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 50 | година IX | септември-октомври, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 50септември-октомври, 2006
Звук Осврти

Том Пети – Сопатник (Highway Companion)

/1
стр. 1
Алан Лајт

    Во кариерата која сега влезе во својата триесетта година, Том Пети никогаш нема направено лош албум. Некои флертуваат со величина, други едноставно донесуваат нов наслов (неговото последно остварување, The Last DJ од 2002-та, е едно од послабите остварувања, обременето со својата кавгаџиска тема), но постојаноста на овој човек е достојна за восхит. Highway Companion не само што ја продолжува неговата успешна приказна, туку се искачува и погоре од неговите стандарди.
    Ова е трет албум на Пети снимен под неговото име а без неговиот бенд Heartbreakers. Интересно е дека и покрај тоа што неговиот бенд е еден од најсилните на рок сцената, неговите претходни два соло албуми Full Moon Fever и Wildflowers, се најдобрите кои Том Пети кога било ги снимил. Highway Companion не ги досегнува височините на овие две врвни остварувања, но ја споделува нивната комбинација на стилски дијапазон и добри песни.
    Том Пети секогаш бил тежок за одредување. Кога првпат се појави од мочуриштата на Флорида, не беше јасно дали е класичен рокер или некој од Новиот бран (на неговата актуелна турнеја, воведните нумери ги вклучуваат песните на Allman Brothers Band и Strokes). Highway Companion излегува на сцена со оваа недопрена разновидност – воведното буги ала ZZ Top/John Lee Hooker под наслов “Saving Grace”, првиот сингл, го следи деликатната “Square One”. Неговите песни се исполнети со слики на движење, патување и пат; најострите стихови се јавуваат во криптичната и сугестивна “Down South”, опишувајќи патување кое ги вклучува плановите да „ја посетам љубовницата на татко ми“, „да ги продадам семејните надгробни споменици“ и „да се преправам дека сум Семјуел Клеменс / Носејќи гамашни и бел лен“.
    Најголемото изненадување е продукцијата на Џеф Лин. За првпат, членот на Electric Light Orchestra (и еднократен другар на Пети од бендот Traveling Wilburys) го избегнува својот потпис на безвоздушни ѕидови од звук и донесува релативно едноставен и чист звук. На албумот му снемува гориво некаде пред крајот, со премногу песни заглавени во средно темпо, кои потсетуваат на Нил Јанг. Но, за најголемиот дел од возењето, Highway Companion е вреден сопатник.

Објавено во Rolling Stone, 20 јули 2006.

звучни записи

Превод од англиски: Игор Исаковски






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+