Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Поезија

Порано

Превод од словенечки: Лидија Димковска


/5
стр. 1
Јуре Новак

Порано
нешто: педесет и три
Љубов
Дневник на недните
Сите зборови на светот ми испарија од глава

_______________________________________________________________________

Порано

Се качувам на малата железничка станица. Киоск со женичка, продавачка на билети.
Вагонот е полн со извидници и четиринаесетгодишни девојчиња. Брборат. Намуртено ги гледам под веѓи. Не одобрувам. Не им е грижа.

Возот застанува и застанува и застанува. Светот е низа од слики низ прозорецот. Луѓето влегуваат во него и во вагонот. Светот се менува како патеписно предавање.

Во аголот седи маж со долг врат и со јаболко. Гризе и чита верски четива. Намуртено гледам под веѓи. Онака.

Сонцето постојано ми блеска в очи. Возот најверојатно ги следи шините, шините најверојатно го следат сонцето, а сонцето дури и возот. Очигледно дека сè се свртело против мојата ништожност.

Се враќам. Таму веќе многупати сум бил, но сеедно, имам  неповратен билет. Дремам, само што кондуктерот секогаш одново сака да го види продупчениот билет. Го мерка, се сомнева дека лично тој го продупчил.

Го отворам прозорецот, се наведнувам, вдишувам. Стар господин на другата страна суво поткашлува.

Дремката ја снемува. Не е далеку. Си го врзувам чевелот.

Убава ноќ. Би можел да се возам и да се возам и да се возам.

Се симнувам една станица порано.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+