Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Поезија

Реквием за девојчето

Превод од словенечки: Лидија Димковска


/7
стр. 1
Примож Репар

Записи на тежиштето
Морска ѕвезда
Предание на љубовта
Понудена дама
Сезам
Чиста мисла
Избраните

_______________________________________________________________________

Записи на тежиштето

На падините на крвавата мисла диши нашата тивка
свилена буба. Кон нас иде и нам ни доаѓа.
Никаде никого кој би зборувал за овие
сини цветови, за овие мрачни крошни, за овие
лелеави мириси, за овие едноставни и влакнести
стебла. Отаде постоењето неизброени пурпурни венци,
отаде необликувањето постепено сè повеќе прочистени страсти,
отаде несоодветноста и покрај згуснатата подлога
на натопените неволји, отаде неустројот на најслатките врвови на истиот лик
и понатаму капат пурпурни венци, се нудат, од цвеќето
допираат во голата појава, што стиска вилици
и мрмори за спротивностите во процесот: толку едноставно
на исто толку сопствена едноставност. А тоа не е ништо друго
туку дланки што стануваат рапави. А тоа не е ништо друго
туку шарм што се лизга преку магијата уште пониско,
кон подотворената врата, за да се убеди дека не е. Вистина е дека
воздивот вдишува, што не значи ништо друго
туку дека од шишето излегува воздух. Сега е затворено.
Дали пак со раката ќе минеш по своите фиданки?
Секому ќе му ги нудиш своите јаготки за да не го заборави она
што не останува ни во споменот ни во градите,
опколена со бранувања на тишината, кажувајќи света клетва:
телото на две да ти се пресече, раката да ти се исуши,
и нека те стигне клетва избледена, клетва студена,
клетва целосна: не гледаш ли!? Тоа не е жива
црвена песна, не е рана со сонца полна, не е пламен
со стебло зараснат. Расцутена перуника е, моќ на разумот,
втора семка, со поглед спуштен седумпати.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+