Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Поезија

Муши, муши

Превод од словенечки: Лидија Димковска


/3
стр. 1
Милан Деклева

Музика
Љубов
Свет

_______________________________________________________________________

Музика

Никаква трага.
Сув, стаклен песок.
Каква тишина!

Ритмика на сонцето.
Од светови недовршени.
Исчезнувања.

Меден прелив
врз звукот во рајската јама.
Ни оган ни птици.

Во вечерниот дожд
аветот стенка. Колку тих
благ здив на гитарата!

Вибрација на очни капаци.
Вечерен напев
на празни улици без деца.

Трепетлива струна.
Прифаќаш ли нежно
да те скинам?

Те допирам.
Цвет на иста музика пупиш,
лулкање на исти светови.

Напната кожа
воздух што ја допира. Дланка
која вечност одѕвонува.

Ладало од харфа.
Водопад од набрекнати сили,
заслепувачка страст на смирението.

Модулација на твоите
движења. Кога станувам,
музиката стишува.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+