Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Проза

Извадок од романот „Горчлив мед“

/15
стр. 1
Андреј Е. Скубиц

    Џејсон го сретнав првпат по речиси цели седум години. На факултет бевме колеги; иако никогаш не спаѓавме во исто друштво, може да се рече дека меѓу нас постоеше некаков однос. Џејсон не само што не му припаѓаше на моето друштво; не му припаѓаше на ниедно. Никој не го сакаше многу-многу. Никогаш не ми беше сосема јасно зошто. Џил некогаш беше рекла дека ѝ се чини лигав; мене не ми изгледаше таков. Мене ми беше некако … смешен. Беше трудољубив студент кој никогаш не правеше никакви глупости на студентските журки; напротив, беше некако необично срамежлив, воздржан, така што понекогаш кога ситуацијата ќе станеше малку подива или вулгарна дури оставаше впечаток и дека му е некако непријатно, одбивно, како да беше збунет. Еднаш Вероника го избрка по брза постапка со забелешката дека едноставно е малограѓански недоебан, но мене ми се чинеше дека со тоа работата само премногу ја поедностави. Имаше во него нешто друго, нешто што не можев точно да си го објаснам.
    Џејсон уште на факултет одеше со една девојка по име Хелен, студентка по италијански јазик, симпатична дебелкава девојка која постојано се смееше и оставаше, бог знае зошто, некаков мајчински впечаток; цело време имав чувство дека се многу среќен пар. Имено, Џејсон со својата срамежливост делуваше некако незаштитено. Хелен беше како создадена за него, мајка што би го заштитила пред овој расипан свет. Но, сепак, цело време ми се чинеше, па и да звучи тоа неверојатно, дека Џејсон се интересира за мене. Воопшто не знам зошто.
    Секогаш кога ќе се сретневме тој со некакво необично, тивко воодушевување ме канеше на кафе. Неговите покани не беа туку-така, лесни како поканите на другите типови на факултетот, па и твоите; зад неговите навистина можеше да се насети желба, беа сериозни, одлучни, дури некако и мачни. Не му беше сеедно дали навистина ќе одам со него на кафе или не. Не знам што оставаше таков впечаток, можеби нешто во неговата мимика, во неговиот поглед. Нагаѓав дали едноставно му се допаѓа да ги кани другите луѓе на кафе или на сите им остава таков впечаток. Не можев да дознаам зашто не познавав никој друг што би го поканил на кафе. Но, неговата загреаност не беше толку видлива за да биде одбивна или насилна; напротив, со него навистина одев со задоволство на кафе. Се покажа дека знае да биде – доколку ти успее некако да го пробиеш неговиот срамежлив, недоверлив оклоп – дури и интелигентен, забавен, па и






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+