Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Есеи

Зона, забранет град

/7
стр. 1
Примож Репар

    Кога посакувам да размислувам за Балканот, сиот се следувам. И почнувам да се заплеткувам и да се свиткувам во себе. Некој страв што се крие во мене и не сака да се открие го запира движењето во мене и ме става во состојба на мирување, на статичност што воспоставува некој вид агонија на состојбата. Ваквата состојба ја забрзува и огорченоста што ја оневозможува желбата да се изразам на јасен начин. Имено, најлесно е да се послужиш со некој модел. Сведочењето може да биде единствено конкретно, а со тоа отвора опасно поле зашто ги пробива моделите што нè наведуваат на размислување. Во мене нешто се противи, прашањето е скриено предлабоко за да можам да го дофатам, а не пак да го опфатам од мојот сопствен тивок агол. Ќе се обидам да доловам неколку мисли што посегнуваат онаму кајшто не стапнува нога. Затоа ќе се обидам да стигнам таму одоколу, можеби дури и од обратна насока, а да не ја избегнам темата што ја одбрав за овој текст.
    Моето искуство со Балканот не сака да зборува за место во кое можеби се огледува негативот на ликот на сликата на Европа. На секое прашање што моќно нè надминува, можеме да одговориме само самите. А што значи тоа да си одговориме или барем да се обидеме да си одговориме?
    Во филмот „Сталкер“ на Андреј Тарковски Зоната е крајно сложен систем на стапици, сите смртни, нормално, тогаш кога во нејзиниот круг ќе се појават луѓе и кога просторот оживува. Значи Зоната е метафора за забранетиот град кајшто одеднаш се фаќаш изгубен во бесконечноста на просторот кој не го определува повеќе редот на стариот космос. Безбедните места наеднаш стануваат непоминливи. Можеме да ги следиме и еднозначно контролираме од безбедна далечина или да и се препуштиме на несигурноста на неописливото искуство. Ова искуство уште повеќе го има зацврстено својот израз по пат на иронија и хумор во музичкото творештво на југо-рокот. За жал, овде не можам да зборувам за тоа. Тоа искуство е посебно и понекогаш се граничи со чудаштво, а кога се изразува површно и со патетика. Приказната на Балканот е и приказна за човековата судбина која, како што велеше Достоевски, никогаш не се пои од вистината дека два плус два се четири туку од сопствената волја која не може да се измолкне, не може да се одрекне од страдањето, не може да се одрекне од деструкцијата и хаосот. Тоа е некој вид метеорит кој паднал на земјата






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+