Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Есеи

Како одговор: китка

/8
стр. 1
Сашо Газдич

    Зошто на крајот на XX век сите Европјани, освен ние кои живееме на југоисточниот дел на континентот, беа поштедени од искуството на војна? Ова прашање обично се поставува на друг начин: Зошто Студената војна заврши со војната на Балканот? Се чини дека меѓу двете прашања нема некоја битна разлика, но ако навистина ја немаше, вообичаените толкувања немаше да произлегуваат само од второто прашање.
    Врз првото од таквите толкувања се таложи ’рѓа што со топењето на Студената војна почна да ги нагризува оклопниците и артилеријата. Војната би требало да биде последица на претсмртните грчеви на комунистичкиот диносаурус (олицетворен како огромен индустриски робот, збор кој произлегува од рускиот роботник, работник), кој во претсмртниот грч уште еднаш мавнува со опашката. Иако атрактивно, таквото согледување имаше голем недостаток бидејќи не објасни зошто до војна дојде токму во Југославија, која од блоковскиот судир се измолкна веќе со конституирањето на движењето на независните. Затоа толкувачите недостатокот го поткрепија со теорија за разбудените национализми, коишто индустрискиот диносаурус/робот за времето на својот живот ги држеше под сенка. И за оваа теорија не би можеле да речеме дека одеше во вистинската насока, зашто дебатата за демократизација ја доведе до насилните извори на модерната европска држава. Но забелешката за недоволноста останува, оти во Европа и на територијата на некогашниот Советски сојуз истовремено настанаа многу нови држави, без притоа да застранат во војна. Затоа толкувачите беа принудени да посегнат уште подлабоко во историјата, сè до настанокот на трите религии од еврејскиот извор – католицизмот, православието и исламот, коишто на територијата на некогашна Југославија добија нов елан – при што сето време не правеа ништо друго освен што ги следеа аргументите кои, истовремено, го легитимираа насилството.
    Умерените толкувања ги дополнуваа маргиналните: од оние што војната во Југославија ја објаснуваа како обичаи на дивите племиња, до оние што првата и последната цел на сите настани ја наоѓаа во дијаболичниот нацрт на главниот штаб на ЦИА, со чијашто помош САД би требало неотповикливо и дефинитивно да заседнат врз престолот на новиот светски поредок. Иако и во ваквите интерпретации може да се најде зрно вистина, главниот тек на размислување сепак течеше по свое и на крај запре на точката кога САД со воени средства ја парализираа балканската војна. Во тој момент актуелното толкување беше воопштено и применето на глобалната стварност: како причина за сите војни на планетава – денешните и идните! – беа наследените цивилизациски разлики. На неа се потпреа елитите кои ја одредуваат денешната слика на






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+