Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Есеи

Балканот вон балканалиското насилство на едно-националноста

/18
стр. 1
Исток Осојник

    Моменталната балканска мешаница во голема мерка е резултат на непромислените шовинистички идеи, формирани и во јавноста изнесени од српски академици со проблематична провениенција. Имено, дезуниверзирајќи го мислењето, уметноста и творештвото и редуцирајќи ги на полето на ограничен, националистички и личен нихилизам, тие причинија судир на себичните интереси, сметајќи дека нивната надмоќ добро ќе го одреди резултатот во нивна корист. Сепак, се покажа дека тоа правеле сметка без крчмар. Војната на интересите, што следеше, беше лоша за сите. Врз основа на неодамнешната трагедија, може јасно да се види дека нихилистичките идеи, и врз нив базираното дејствување, водат само кон катастрофа, што далеку ги надминува и најцрните очекувања. Затоа сега е време на Балканот да го обрнеме текот на настаните и работите на глава, да ги извлечеме од кругот на судирите и игрите на различните интереси на моќта, и да формираме една нова димензија на односите, создадена врз комуникација и дијалог. Тоа што го зготвиле академиците, значи конзервативно и шовинистички настроените интелектуалци на старата ера, тоа ние, култивираните интелектуалци на „новата ера“, треба не само да го осудиме туку и да го надминеме и да исчекориме од кругот на темелните постулати кои го овозможија споменатиот помор. Ние како мислители треба да понудиме алтернативи, кои меѓу сите засегнати ќе формираат нов простор за почитување и сожителство на разликите, којшто нема да биде создаден врз празни очекувања и утопии, туку врз оние, во просторот на Балканот веќе постоечки, творечки почетни точки.

* * *

    Што значи зборот Балкан? Нешто како непрегледни зелени шуми односно планинска земја, обрасната со непрегледен килим дрвја. Ова барем беше значењето во времето на првите упади на отоманските Турци во овој регион. Изворно турски збор, кој не значи ништо лошо. Напротив. Длабоките темни шуми, кои се протегаат во недоглед, во човекот, кој ги посматра од некој висок врв, предизвикуваат космички чувства. Иако на освојувачот, којшто требало да се пробива низ нив, веројатно делувале поинаку. Непрегледната шума претставувала тешка пречка при напредување низ сржта на горските земји, проткаени со длабоки долини и диви реки. Значи, нешто слично на Хрушица (Ad Pirum) на северозападниот раб на полуостровот во римските времиња и Тројане (Atrans) на воениот пат на царот Август, по којшто со страв чекореле римските легии од Аквилеа на патот кон Панонија (Carnuntumom) и понатаму кон исток. Денес споменатата траса ја нарекуваме европски коридор број 5. Но Турците не дошле како неподготвени незнајковци. Тие знаеле каде одат – кон Венеција и Виена. И ги следеле миграциските






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+