Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 05 | година I | октомври-ноември, 1998



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 05октомври-ноември, 1998
Театар Теорија

Филозофскиот и граматичкиот аспект на категоријата „време“ во наратолошкиот процес

/6
стр. 1
Бујар Хоџа

1. Општости

Староста или историското датирање на времето (а особено на минатото) и неговото одредување со различни научни и професионални категории е толку значајно, колку и постоењето на човековото битие како свесно и совесно суштество. Оваа теориска единица, во прв план филозофска, има енормно значење на планот на уметничкото изразување. За разлика од значењето на физичкиот концепт на времето (оној што го употребуваат егзактните или природните науки[1]), во случајот на уметничкиот израз, освен на неговата физичка и филозофска детерминација, на времето му се придава и психоаналитичко значење, па и комуниколошко, со што се надминуваат лимитите на временската егзактност или точност. Значи, со концептот време како таков не е ништо кажано, ако на сето тоа не се придодаде една серија теориски рефлексии или подобро дискурси, што во конкретните случаи на уметничкото изразување би се сензибилизирало како еден неопходен елемент.
    Типолошките (во зависност од пристапот) сличности и разлики помеѓу различните видови уметност, просто земени врз основа на едно синхрониско проучување (или ако сакаме и дијахорниско, под што се подразбираат оние кои би ги проучувале потеклото, етимологијата и историографијата на уметничката егзистенција), претставуваат можност за испреплетување една низа интерпретации и толкувања на различните временски облици. Поконкретно, во вид на површинска или длабинска структура.
    Ако се почне со објективистичка анализа на секојдневните настани, па се продолжи таа сè до комплексното уметничко дело, а во врска со човечките активности според пристапот на антропоцентричноста, јасно ќе излезе на видело апсолутниот објективизам што владее до Г.Ф. Хегел. Сепак, мора да се истакне дека промените во различните филозофски интерпретации фактички почнаа да се изразуваат уште од времето на Џон Лок; време на позитивизмот, кога и елементите на ирационализам, скриена структура и комуникација помеѓу структурите или пак поконкретно – меѓу семиотичките системи беа и филозофски проучувани.
    Во денешно време, време на 20-тиот век, се вели дека „човекот е онтичко – онтолошко битие ограничено од неговата темпоралност[2]. Со поедноставни зборови кажано, пост-хегелијанската филозофска школа им се враќа на човековото битие, на неговата субјективност, како и на неговата психоаналитичка компонента. „Оставањето траги“ вели С. Фројд, „е основа на знаците на невропсихичкиот развиток на човекот, а ова му овозможува да биде дел од историјата на писменоста и неговата егзистенција“[3]. Понатаму, Фројд, непостоењето на трагите, врз основа на кои, според него, би се анализирало и потеклото на човечкото уметничко изразување, го гледа како недостиг што води кон психопатологијата, или, како што вели, „сексуалната неспособност се компензира со репресија“.[4]
    Уметноста како емоционално и индивидуалистичко изразување на едно „онтолошко суштество“[5],

_____________________________________

1. Според терминологијата на Е.Хурсел
2. Мартин Хајдегер: “Seint und Zeit“, четврта глава, „Временост и секојдневност, стр. 379. Издание на „Напријед“, Загреб, 1988. Превод Хрвоје Шариниќ
3. Земено од: Жак Дерида: “Writting and Difference“ University of Chicago, 1978. Превод од француски и коментар на Ален Бас, седма глава: „Фројд и сцена на пишување, стр. 197.
4. Ibidem
5. Според терминологијата на Хајдегер.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+