Културна установа Блесок • Основана во 1998 г.
Ново од Блесок

уметноста е внатре

ISSN 1409-6900 | UDK 82+7     Блесок бр. 51 | година IX | ноември-декември, 2006



[размена]



SLOVOKULT.DE
KRUG
BALKANI
OKF







                     Рецензирано списание
Блесок бр. 51ноември-декември, 2006
Критика

Фантастиката во делото на Сречко Косовел

/15
стр. 1
Марија Митровиќ

    Кога ги читаме[1] Косовеловите белешки, писма, дневници и критики[2], можеме веднаш да се увериме дека многу високо место и битен простор ѝ доделил на фантастиката:
     „Во хаосот на различните јасни и нејасни, од минатото определени и насетено несигурни, во иднината насочени наѕирања за уметноста, можат да се одредат три бази врз коишто се развива современата уметност: импресионистичката основа, експресионистичката основа и фантастичната основа.“
     Оваа реченица Косовел ја запишал на 23 јануари 1926 година, во оценката на поезијата на Груден. Текстот, впрочем, останал во ракопис, но бидејќи настанал само четири месеци пред смртта на поетот, може да се смета за зрела и промислена изјава. Па сепак, изјавата несомнено изненадува, пред сè поради функцијата што нашиот поет ѝ ја посветува на фантастиката. Во Косовеловото поимање, слично како и во теоријата на Роже Кајоа, фантастика би требала да биде значајна и неопходна основа врз којашто се развива добрата, значајна современа уметност. Косовел ја споменува веднаш по импресионизмот и експресионизмот, значи, по стилскo-идејните основи што историчарите на литературата заедно со конструктивизмот ги сфаќаат како темелни ознаки на Косовеловото творештво. Фантастиката, значи, овде се појавува некако „наместо“ очекуваниот конструктивизам, како третата „основа“, врз која се развива целосната современа, и не само авторовата лична, уметност.
     Ако Косовел ја сфаќал фантастиката како основа на современата уметност, што тогаш означувал со тој поим? Дали сè уште мислел на соништата, делиричните состојби, волшебните и митските ситуации? Дали мислел на чудните, со обичната слика на стварноста неусогласени ситуации, слики и јунаци? Дали, можеби, Косовеловото поимање на фантастиката е случајно, и теоретски сосема невтемелено? Има ли некои трагови во самата поезија: до каде допира Косовеловата фантастика?
     Прво да го резимираме Косовеловиот запис за Груден во целост, односно во оние негови делови каде што тој зборува за суштината на современата уметност и за функцијата на фантастиката во неа:
     „Импресионистичката основа на уметноста никнува од душевноста на човекот којшто го набљудува животот импресионистички, а тоа значи: го гледа животот во светлото на својата емотивност. За импресионистот, предметот вреди онолку колку што тој може да влијае врз него. Тој не ги разликува влијанијата, не ги бара нивните заеднички точки и разлики, туку потонува во предметот и емотивно растворувајќи го, го обликува. За импресионистите е карактеристичен нивниот емоционален однос кон природата, па и односот кон луѓето е сличен: во емоционалната вртоглавица тие го бараат, го љубат и го издигнуваат човекот. За импресионистот, животот е сила од којашто е емоционално зависен. Инстинктот на импресионистот му е

_____________________________________

1. Овој текст на Марија Митровиќ е само дел од пообемната статија со ист наслов.
2. Janez Vrečko, Kosovelov eksperiment: fantastičnost, realnost, materiali. Sodobnost 1984. str. 995-1008.






Изданијата на „Блесок“ од број 01 до број 93 се достапни и на веб сајтот на CEEOL.

Со купување на некој од нашите наслови, директно ги помагате нашите активности. Ви благодариме!



50%


СЛЕДЕТЕ НÈ:
посетете нè на Facebook следете нè на Twitter следете нè на Google+